Мотивација и самомотивирање

motivacija-i-samomotiviranje-povekjeМотивацијата е нешто што поткрепува, образложува или дава докази за некакв акција. Темел на секојдневното функцирање. За човекот е многу...

 

...значајно да открие што е тоа што го мотивира во животот.

Секоја личност која сака да просперира треба да биде свесна за овој факт затоа што самомотивирањето е најважно за промена во животот.

Мотивацијата е тесно поврзана со емоциите.motivacija-i-samomotiviranje-1

Емоциите го покреваат човекот, а мотивацијата е гориво кое човекот треба да го користи кога превзема некаква акција.

Кај деструктивната мотивација основа е негативноста која се јавува кај личноста. Напредувањето во животот се заснова на фактот дека сте среќни со она кое го правите во животот и ви дава мотив за понатаму да функционирате.

Ако тоа не е така, во тој случај се јавува деструктивна мотивација која предизвикува бес и страв, а истражувањата покажале дека само 10% од луѓето се среќни со тоа што го работат.

Конструктивната мотивација произлегува од човековото познавање за она што го сака во животот, она што сака да го оствари и неговите вредности.

Главна улога има свесноста на личноста. Важно е човековите желби и вредности да бидат врамнотежени и меѓусебно да се поддржуваат. Голем позитивен мотиватор за човекот е стимулацијата на чувствата.

Тоа не води кон целта.

motivacija-i-samomotiviranje-2Едноставен пример кој не е врзан за успехот е тој дека човекот прво ја дегустира онаа храна која визуелно изгледа поубаво, па потоа онаа која ги нема тие карактеристики.

За мотивација многу е важно и високото ниво на енергија. Таа е потребна за да може да се покрене било каква акција. Без енергија човекот може да се движи само низ компромисни цели кои не можат да го исполнат.

Квалитетни извори на енергија се танцувањето, добар секс, свесно шетање и високото ниво на енергија бара константен тренинг.

Самомотивацијата е клуч на успехот.

Ретко кои луѓе го имаат овој квалитет. Работите кои не мотивираат се разликуваат од човек до човек.

Сите треба да проучиме и да откриеме што е она внатре во нас кое ни дава сила и мотивација за понатаму. Некој е мотивиран рано наутро, некој доцна навечер. Некој се радува на работата пред комјутер, а некој има тотална аверзија кон тоа.

Најдобрата потпора и мотивација доаѓаат од внатрешноста на човекот. Се што очекувате надвор од себе, нема да ги задоволи барањата кои ги имате и целите кои очекувате да ги остварите.

Би можело да ве интересира:

Вртоглавица: Што ја предизвикува и дали може да се спречи? Вртоглавицата не е болест, туку симптом кој може да биде предизвикан од низа про...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Сѐ што треба да знаете за амниоцентезата: Кога се прави и дали е ризично? Трудниците чувствуваат страв дури и само од помислата на овој тест, но преку ова...
9 можни причини зошто очите ви се иритирани и ве чешаат Покрај сезонските алергии, и некои лекови можат да предизвикаат сувост и чешање ...
Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg