Риба и црвено вино - никако

riba-i-crveno-vino-nikako-povekjeДали некогаш сте направиле комбинација од риба со црвено вино? Подборо немојте! Јапонските истражувачи докажале дека не станува збор само за...

 

...кулинарски бон тон, туку дека постои научно објаснување зошто црвеното вино се препорачува со јадења од месо, а никако со риба.

riba-i-crveno-vino-nikako

Истражувачот Takayuki Tamura и неговиот тим од лабораторијата на јапонскиот производител на вина "Mercian Corporation", утврдиле дека познавачите на вина го воспоставиле ова правило поради “судар” на вкусовите помеѓу црвеното вино и рибата.

Досега, никој не можеше убедливо да објасни кои црвени вина го уништуваат вкусот на рибата, поради недостатокот на познавања за овој феномен.

Tamura и неговите соработници откриле дека непријатниот вкус на рибата после конзумирање на црвеното вино настанува поради природната присутност на железото во црвените вина.

Истражувачите утврдиле дека постои директна врска помеѓу непријатниот вкус во устата и концентрацијата на железо во вината.

Тестирањето на вината од 38 производители од повеќе земји, утврдено е дека вината со голема концентрација на железо оставаат посилен вкус на риба во устата.

Непријатниот вкус би го снемал кога истражувачите во виното додавале супстанца која се врзува со железото.

Истражувачите заклучиле дека железото во виното е одговорно за тој непријатен вкус на рибата кога тоа се конзумира со риба или морски плодови, но исто така, нагласуваат дека црвените вина со ниска концентрација на железо може добро да се согласува со морски плодови.

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Будење во текот на ноќта и уште 4 навики во спиењето кои се скриен знак за АДХД Кога сме под стрес, нормално е да ни биде тешко да го „исклучиме“ мозокот и да н...
Пет проблеми со здравјето што се јавуваат во лето (и како да ги избегнете) Промените и проблемите со дигестијата, заедно со сувата кожа, можат да бидат при...
Храна и суплементи што треба да ги ограничите ако примате терапија за хипотироидизам Некои суплементи, како железо и калциум, можат да имаат влијание врз апсорпцијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg