Стрес или депресија?

stres-ili-depresija-povekjeДали навистина станува збор за депресија или едноставно за стрес и незадоволство поради изневерените очекувања? Повозрасните генерации...

 

...смета психологот Dorothy Rowe, знаеле подобро да се подготват за периодите во кои нема да им цветаат розите.

stres-ili-depresija

Освен тоа, денешното општество има поголеми очекувања од животот.

“Луѓето мислат дека треба да имаат убава облека, интересна работа и неверојатен секс за да бидат среќни” изјавува Dorothy, додавајќи дека личностите кои тоа го немаат, можат да станат длабоко разочарани и несреќни, што не значи дека се и депресивни.

Депресијата е хронична состојба која може да се предизвика од различни фактори, како на пример хемиска нерамнотежа или генетски предиспозиции.

Незадоволството е состојба на умот и има врска со човечката перцепција за светот.

Стресот може само да го поттикне општото незадоволство, а ако стане сликовит и константен, може да предизвика и здравствени проблеми, како на пример главоболка и висок крвен притисок.

Личностите кои се незадоволни и под стрес не можат ниту да јадат, ниту да спијат, а таквата состојба би требало да помине за неколку денови.

Депресијата, пак, трае многу подолго и побарува стручно лекување. Ако само се чувствувате нерасположено и потиштено, еве неколку совети кои би можеле да ви помогнат да го подобрите расположението.

1. Превземете акција

Ако постои нешто што може да ви помогне да се чувствувате подобро, направете го. Тоа може да биде и избегнување на пријателите поради кои секогаш се чувствувате лошо или да заминете на прошетка во природа, на свеж воздух.

2. Споделете ги грижите

Поразговарајте со пријателите и семејството за своите проблеми и настојувајте да направите план како да ги решите. Немојте да дозволите грижите целосно да ве обземат.

3. Пронајдете начин како да се носите со стресот

За некои луѓе, вежбањето е е одличен издувен вентил. На други им помага топла купка или шетање во природа.

4. Јадете добро

Пробајте со храна кој го поддига расположението, како на пример бананите или пилешкото, кои стимулираат ослободување на допамин, хормон задолжен за чувството за задоволство.

5. Размислувајте позитивно

Тоа секако не е лесно, особено кога се ви се чини црно и депресивно, но научите како да ја гледате позитивната страна на нештата. Посветете со малку време за себе и пронајдете ги светлите точки во својот живот.

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признан...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg