Кога студи на дланки и стапала

koga-studi-na-dlanki-i-stapala-povekjeМногумина имаат проблем со лошата циркулација, но повеќето од нив или го игнорираат проблемот или премногу несериозно го сфаќаат, но факт е дека...

 

...лошата циркулација  може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Лошата циркулација предизвикува масни наслаги на ѕидовите од артериите, а тоа пак го попречува циркулирањето на крвта.

Доколку навреме се реагира лошата циркулација може да се излечи или спречи со промена на начинот на живот, со лекарства, а во некои посериозни случаи и со операција.

Главните симптоми на лошата циркулација се трње во нозете, грчеви во нозете и стапалата, болки и отечени нозе и стапала или пак студени дланки и стапала.

Постојат неколку методи за подобрување на циркулацијата, па еве дел од нив:

koga-studi-na-dlanki-i-stapala-2

1. Бидете активни

Едноставен начин да ја подобрите циркулацијата е да бидете физички активни.
Активностите како што се брзо одење, пливање, аеробик, па дури и прошетки, можат да го решат проблемот.

Доколку до сега не сте биле активни, започнете со кратки прошетки, а потоа продолжувајте ги и убрзувајте ги со цел да ја покренете и раздвижите крвта во телото.

2. Хранете се здраво

Здравата храна е неопходна за секој сегмент од нашето здравје. Значи, повеќе мали оброци, повеќе овошје и зеленчук, помалку масти, повеќе хранливи влакна.

Помалку масти, значи помалку таложење на ѕидовите од артериите и со тоа подобра циркулација на крвта, а повеќе влакна значи елиминирање на мастите во телото и повторно истиот ефект.

koga-studi-na-dlanki-i-stapala3. Престанете со пушењето

За пушењето се знае дека го поттикнува таложењето на холестеролот во крвниот систем, а освен тоа ги уништива и ѕидовите на артериите кои е задолжени за крвотокот. Затоа ако саката подобра циркулација, морате веднаш да престанете да пушите.

4. Намалете го стресот

Кога телото е подложено на стрес, тоа го намалува протокот на крв во екстремитетите за да обезбеди добар проток за главните органи.

На овој начин се намалува циркулацијата во рацете и нозете. Затоа кога сте под стрес, длабоко дишете, медитирајте, опуштете се.

5. Кренете ги нозете

Ако заради слабата циркулација Ви отекуваат стапалат и нозете, обидете се да ги поткренете нозете. Заземете лежечка позиција и нозете ставете ги врз перница, но немојте да седите така премногу долго, обидете се барем секој половина час да ги протегнете нозете и да се раздвижите.

6. Туширајте се најизменично со топла и ладна вода

Ваквиот начин на туширање ја подобрува циркулацијата, но и имунитетот. Циклусот на менување на водата нека биде топла- 3 минути, ладна- 20 секунди и така најмалку во три циклуса последователно.

7. Билни додатоци

Во сите аптеки се достапни природни билни препарати кои ја подобруваат циркулацијата. Без разлика дали се во облик на чај, капки или таблети, слободно додадете ги во исхраната.

Билки кои се корисни за циркулацијата се: рузмарин, коприва, имела и гинко билката.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Трендови за здравје од 2025-та кои не се баш здрави, според експерти Опседнати сте со внесот на протеини, пиете многу суплементи, пробувате да му нап...
Знаци за деменција за кои не се зборува често (а треба да ги знаете) Покрај проблемите со помнењето, знак за деменција можат да бидат и халуцинациите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg