Сексуално преносливи болести

seksualno-prenoslivi-bolesti-povekjeТестирањето на сексуално-преносливите болести треба да ви биде правило, а не потреба. Но, постојат и ситуации кога тоа е навистина потребно. Во модерниот...

 

...свет тестирањето е сосема нормално. Кај нас многу малку луѓе се решаваат на ваков чекор.

Кога треба посебно да го проверите здравјето?

seksualno-prenoslivi-bolesti

1. Почеток на нова врска

Никогаш не можете да бидете сигурни со кого ја делите постелата, иако сте сигурни дека го познавате партнерот

Пред да се впуштите во односи со нов партнер ви препорачуваме тестирање за двајцата.

2. Пред бременост

Пред  да се решите за дете, важно е да се тестирате бидејќи често се случува врската на почетокот да не била моногамна. Некои полови болести имаат подолг период на инкубација што значи може да сте заразени, а тие да не се покажале никао.

Важно е да се тестираат двајцата партнери. Сифилис или хепатит Б можат подолг период да бидат прикриени во телот без симптоми, а потоа да се пренесат на детето и да предизвикаат предвремен пораѓај или раѓање на мртво дете.

3. Ако сте имале авантура со друг партнер

Важно е да се тестирате после авантура со непознати. Некои болести се пренесуваат и со орален секс или интензивно бакнување и влажна предигра.

Доколку пак сте имале секс без заштита задолжително тестирајте се бидејќи гонорејата, херпесот и кламидијата најчесто се реакции кои брзо се појавуваат.

4. Ако забележите било каква промена во телото.

Иако сте се тестирале, нема симптоми на болест, затоа што им е потребен подолг период и тестот е негативен. Затоа при првата реакција на телото, задолжително повторете го тестирањето.

Ако забележите дека нешто ви се менува во телото на пример: исцедок, непријатен мирис на гениталиите, чешање и слично, задолжително отидете на лекар. Најдобро – заедно со партнерот.

Би можело да ве интересира:

Кои се најчестите видови артритис (и кои симптоми се јавуваат први)? Постојат многу видови артритис, но најчести се остеоартритисот и ревматоидниот а...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признан...
Првпат во Македонија испечатен 3Д имплант за нос - пациентот го загубил носот од малигна болест Компанијата 3DLoom, во соработка со проф. д-р Софија Пејкова од Универзитетската...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg