Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што треба да знаете за сауната

se-sto-treba-da-znaete-za-saunata-povekjeКако што паѓаат температурите така на сцената настапуваат настинките и грипот. На телото м е потребна помош. Спортските активности и правилната...

 

se-sto-treba-da-znaete-za-saunata-1

...исхрана помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем, но добар начин е и одењето на сауна.

Сауната ја намалува напнатоста и стресот. Позитивно влијае на ревматски болести, артритис, и повредените мускули. Освен што ја подобрува циркулацијата на крвта, ја чисти кожата и ја отстранува нечистотијата. Престојот во сауна ги спречува настинките и грипот.

Постојат повеќе видови сауна, а најпознати се финската и парната.

Карактеристично за финската сауна е дрвениот мирисен простор исполнет со сув топол воздух на температура од 85-95°C во кој се наоѓа минимална влага од 5-10%. Заради високата температура престојот е ограничен на 8-10 минути.

Во парната сауна температурата е околу 45°C, а релативната влажност околу 100%. Времето на престој во парна сауна прилагодете го според сопствениот организам.

Сауна избегнувајте ако патите од здравствени проблеми како срцеви заболувања, дијабетес, епилепсија, но и од акутни инфекции.  

se-sto-treba-da-znaete-za-saunata-2Бонтон за во сауна

1. Пред да влезете во сауната задолжително истуширајте се. 

2. Внимавајте на вратите при влез и излез. Брзо затворајте ги за да не се менува температурата.

3. Положбата прилагодете ја според останатите посетители. Ако не е гужва може и да легнете, во спротивно седнете.

4. Во сауна не се влегува со костим за капење.

5. Мобилен, храна и весник се исто така забранети.

6. Во финската сауна влегувате со пешкир, а во парната голи.

7. Во сауна не се влегува мокар.

8. Дишете нормално и рамномерно.

9. Пред и после сауната пијте вода или чај за да ги надоместите загубените течности.

10. Држете со до препорачаната минутажа.

Дополнителни совети:

1. Во сауна не се влегува со потполно празен желудник или после оброк

2. На почетокот седнете на пониските клупи па преместете се погоре

3. Ладен туш по сауната, а главата туширајте ја на крај. Не се мијте со сапун или со топла вода.

4. Пред напуштање на спа центарот оладете се до степен кога веќе не се потите.

5. Ако имате здравствени тегоби пред да отидете задолжително консултирајте се со лекар.

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека имате здрав менструален циклус (и кога треба да одите на гинеколог) Редовните менструации главно се знак дека хормоните ви се синхронизирани. Што др...
Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за при...
Вие прашувате, психолог одговара: „Откако ме дијагностицираа со мултипла склероза, сопругата ме оста... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Знаци дека имате предијабетес и како да го регулирате нивото на шеќер во крвта Зголеменото чувство на жед и глад, но и трнењето на екстремитетите можат да бида...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Промена во големината на градите и уште 3 симптоми на менопауза за кои ретко се зборува Поради намаленото ниво на естроген, некои жени забележуваат дека во менопауза им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg