Промена во големината на градите и уште 3 симптоми на менопауза за кои ретко се зборува

Поради намаленото ниво на естроген, некои жени забележуваат дека во менопауза им се менува големината на градите. За кои други симптоми е добро да знаете?

promena-vo-goleminata-na-gradite-i-ushte-3-simptomi-na-menopauza-za-koi-retko-se-zboruva-01.jpg

Менопаузата е природна појава која го означува крајот на плодните години на жените.

Менопаузата значи и прекин на менсутралниот циклус, и во просек жените ја искусуваат по 50-тиот роденден.

Но, секоја жена е различна и кај некои менопаузата може да почне подоцна, а кај некои порано.

Сепак, без разлика што ова е промена што ја очекува секоја жена, уште постојат симптоми за кои ретко се зборува.

Четири од нив во продолжение:

Промена во големината на градите

Според истражувањата, една од пет жени се соочува со промена во големината на градите откако ќе настапи менопауза.

Повеќето од нив забележуваат дека градите малку им се зголемуваат.

„Ткивото на градите е многу густо. Со возрастa, поради недостатокот од естроген, голем дел од ова ткиво се заменува со масно ткиво.

Пa, жените може да забележат зголемување на обемот на градите“, открива Стивен Голдстејн, гинеколог и професор на New York University.

Но, кај некои жени, поради недостатокот од естроген може да се јави и намалување на обемот на градите.

Ова е бидејќи млечните жлезди се намалуваат, и со тоа се намалува обемот.

promena-vo-goleminata-na-gradite-i-ushte-3-simptomi-na-menopauza-za-koi-retko-se-zboruva-05.JPG

Болки во телото

Според гинекологот Сузан Леб Стилин од Њујорк, дури 50% од жените во менопауза се соочуваат со болки, особено во зглобовите.

Овој симптом може да се јави уште во перименопауза, а постепено да исчезне кога ќе настапи менопауза.

Експертите уште пробуваат да утврдат која е причината за овој симптом, но има претпоставка дека и овој пат вината лежи во намаленото ниво на естроген.

Покрај улогата во репродуктивниот систем, овој хормон има влијание и врз зглобовите, мускулите, лигаментите…

promena-vo-goleminata-na-gradite-i-ushte-3-simptomi-na-menopauza-za-koi-retko-se-zboruva-07.JPG

Проблеми со празнење на мочниот меур

Кога настапува менопауза, се случуваат многу промени на вагината, а некогаш и на околните органи.

Поради ова, некои жени забележуваат зголемена потреба за уринирање, но и таканареченото подмочување, односно неволно спуштање урина при смеење, кашлање или вежбање.

И за ова се верува дека е причинето од ниското ниво на естроген поради што ослабуваат карличните мускули кои му ја даваат поддршката на мочниот меур.

promena-vo-goleminata-na-gradite-i-ushte-3-simptomi-na-menopauza-za-koi-retko-se-zboruva-04.JPG

Зачестени уринарни инфекции

Менопаузата може да го зголеми ризикот од уринарни инфекции.

Веројатно претпоставувате дека и во овој случај причината е намаленото ниво на естроген.

Со ова ослабува одбранбениот систем на уринарниот систем и тој станува посклон на инфекции.

promena-vo-goleminata-na-gradite-i-ushte-3-simptomi-na-menopauza-za-koi-retko-se-zboruva-02.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg