Пијанка без мака

pijanka-bez-maka-povekjeЈасно е дека најдобриот лек против мамурлук е избегнување на алкохол, но тоа често не ни оди од рака, па мораме да се бориме против главоболка...

 

...малаксаност и се она што е резултат на пијанство.

Луѓето кои не се навикнати на алкохол, утредента ќе имаат поизразен мамурлук од оние кои се навикнати.

Тежината на симптомите зависи секако од внесената количина алкохол. Како да си ги олесните маките?pijanka-bez-maka

Е тоа не оди баш лесно.....

Пијаниот човек може да јаде кисела чорба или да пие кафе како би се ублажиле последиците на мамурлукот, но така не може да се намали концентрацијата на алкохол во крвта.

Значи покрај кисела чорба, кафе , млеко и други течности, повторно зборуваме за пијан човек. Секако едно од решенијата би биле нешто да изеде и тоа без разлика дали има апетит или не.

Доколку ве мачат стомачни проблеми, ќе ги елиминирате со поголема количина ладен, густ и слабо засладен чај од камилица кој може наместо вода да се пие цел ден.

Умерено топло капење и масажа многу добро делуваат на исцрпениот организам, а одлично ќе делува и малку гимнастика или прошетка. И секако држете се до правилото: со кој алкохолен пијалок ќе ја почнете вечерта, со тој и да ја завршите.

Трудете се да не пиете нагло, туку постепено. Правете пауза помеѓу две посегања по чашата. Испивањето на екс само го забрзува опивањето.

По алкохолниот пијалок испијте чаша вода или негазиран сок, како би ја надокнадиле течноста во организмот која ја губите поради консумирањето алкохол.

Кога ќе се вратите дома , без разлика колку е часот, повторно би требало нешто да јадете инаку утредента „не ви гине“ расолница за доручек.

 

Би можело да ве интересира:

Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Како да ги избегнете проблемите со колената (што ги имаат скоро сите)? Немојте нагло да почнувате со вежбање по долг период на неактивност и ако чувств...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
Има ли начин побрзо да оздравите од настинка (или мора да чекате скоро цела недела)? Антибиотиците нема да ви помогнат побрзо да оздравите од настинка бидејќи ова не...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg