Докторка од Австралија споделува совет за трудници: Како безбедно да ставате појас во автомобил?

Да, и бремените жени учеснички во сообраќајот, како возачи или совозачи, треба да носат појас. Иако можеби ви се чини дека е неизводливо, сепак ако правилно се намести појасот воопшто нема да ви пречи, а ќе бидете безбедни.

doktorka-od-avstralija-spodeluva-sovet-za-trudnici-kako-bezbedno-da-stavate-pojas-vo-avtomobil-01.jpg

Оваа австралиска докторка на Тик Ток објави видео во кое покажа како правилно да се носи појасот во бременост. Како што се гледа во видеото, таа и самата е бремена во поодмината фаза односно 34 недели, а како што вели, забележала дека голем број жени не ја користат најбезбедната техника.

Доктор Кејти вели дека станала свесна за честата грешка при носење на појасот откако претходно примила бремена пациентка во болницата која доживеала сообраќајна несреќа. 

„Вчера работев во одделот за итни случаи и се грижев за млада девојка во третиот семестар од бременоста и за жал таа беше вклучена во сообраќајна несреќа. Ја прашав како го носела појасот и таа ми кажа дека го носела врз стомакот. И ми текна дека можеби не знаат сите како да го носат појасот во бременост. Јас сум 34 недели бремена во моментов и појасот треба да го носите ПОД СТОМАКОТ.“, појасни докторката.

Понатаму таа појаснува дека дијагоналниот дел на појасот треба да биде поставен над стомакот и помеѓу градите, а седиштето да биде колку е можно подалеку од воланот, за да се намали ударот од воздушните перничиња што би можеле да ве удрат вас и стомакот доколку се активираат, а долниот дел од појасот треба да биде поставен под стомакот.

Таа понатаму нагласува дека ако жената била во несреќа, без разлика колку и да била мала, веднаш мора да посети лекар затоа што како што вели „и најмалите несреќи може да доведат до компликации кај мајката и кај плодот“.

Погледнете го видеото во кое таа го објаснува ова:

@dr.katie.h

Safety first!! Share this with a pregnant person to raise awareness! #pregnancytips #caraccident #seatbeltcheck #cartiktok #pregnancyjourney #34weeks

♬ original sound - Dr Katie

Иако кај нас, некои луѓе сметаат дека бремените жени не треба да носат појас додека се учесници во сообраќајот, тоа не е точно.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на својата веб страна има објавено повеќе совети и препораки за бремените жени учеснички во сообраќајот.

Ако ги погледнеме препораките од РБСП ќе увидиме дека советите на докторката се издржани. Имено, меѓу другото, таму се вели:

„Обврската за користење сигурносен појас останува и покрај специфичната состојба во која се ноѓате. Она што е важно, е да внимавате појасот да биде правилно поставен. Тоа значи долниот дел од појасот да биде ставен под стомакот на колковите, но не и врз стомакот. Горниот дел од појасот треба да биде поставен над стомакот т.е. на клучната коска (помеѓу вратот и горниот дел од раката).“

Во однос на ограничувањата за тоа до која недела од бременоста е дозволено жената да управува со автомобил, од РБСП нагласуваат дека нема точно утврдени критериуми, но препораките се тоа да биде до 30-тата недела од бременоста.

„Не постојат директни ограничувња за тоа до која фаза од бременоста е дозволено да се управува со моторно возило, но сепак гинеколозите препорачувааат тоа да биде до 30 недела од бременоста, а ако возите на подолги дестинации да правите почести паузи.“

Кога управувате со моторно возило безбедноста секогаш треба да ви биде на прво место.

Советите и препораките како од австралиската докторка, така и од нашите институции се во насока на заштита како на мајката, така и на нероденото дете.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“ „Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состој...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg