9 знаци со кои телото ви вели да се погрижите за вашето здравје

Белите дамки на ноктите обично се знак за недостаток од одредени витамини и минерали, а истото може да се каже и ако често имате испукани усни.

9-znaci-so-koi-teloto-vi-veli-da-se-pogrizhite-za-vasheto-zdravje-01.jpg

Човечкото тело е неверојатна машина на која ѝ треба редовно сервисирање и нега. Затоа, од особена важност е внимателно да го слушате она што тоа секојдневно ви го сигнализира.  

Можеме да размислуваме, да дишеме, да јадеме и да се движиме благодарение на сите наши системи кои работат заедно.

Но, додека телото е типично добро „подмачкана“ машина, понекогаш се појавуваат проблеми - без разлика дали тоа е во форма на болест, инфекција или повреда.

За среќа, постојат знаци кои ни сугерираат дека нешто можеби се случува. Честопати временските услови, уморот и низа други фактори може да влијаат на вашето течење на носот, вознемирениот стомак или јаката главоболка.

Но, што се случува ако вашиот вознемирен стомак не се смири или навистина не можете да се ослободите од останатите симптоми кои постојано циркулираат?

Оној кој најдобро го познава вашето тело сте самите вие. Па, ако почесто искусувате некој од овие вообичаени симптоми, посетете го вашиот лекар, бидејќи тие можат да бидат знаци дека вашето тело се справува со нешто поголемо.

Во продолжение издвојуваме 9 знаци кои не треба да ги игнорирате:

Младежи

Иако повеќето младежи на телото се безопасни и бенингни, некои можат да бидат опасни, особено оние предизвикани од изложување на сонце. Сенилната или актиничната кератоза е предизвикана од дејството на сонцето и неговото УВ зрачење и е една од преканцерозните промени на кожата.

Не значи дека секој младеж значи и рак на кожата - единствено треба внимвате на тоа дали некои од младежите на телото одеднаш се промениле. И во овој случај не мора да значи дека станува збор за нешто опасно, но најдобро консултирајте се со лекар.

10-znaci-so-koi-teloto-vi-veli-da-se-pogrizhite-za-vasheto-zdravje 03 630x420.jpg

Белки на очите

Покрај несоницата или настинките, овој дел од окото може да открие и некои промени во вашето тело. Жолтата боја може да биде знак за жолтица, проблеми со црниот дроб и жолчката.

Црвената боја може да биде знак за висок крвен притисок или вирусна болест како што е конјунктивитис. Повременото црвенило не треба да ве плаши, но ако окото ви е црвено повеќе од еден ден и ако чувствувате неудобност, консултирајте се со лекар.

10-znaci-so-koi-teloto-vi-veli-da-se-pogrizhite-za-vasheto-zdravje 04 630x410.jpg

Испукани усни

Непријатните пукнатини на усните можат да бидат предизвикани од промена на температурата и ветерот. Но, пукнатините кои често се појавуваат на краевите на усните и внатрешните рани може да бидат знак за недостаток на витамин Б и цинк. Ако пукањето на усните е многу често, причината може да биде габична инфекција.

10-znaci-so-koi-teloto-vi-veli-da-se-pogrizhite-za-vasheto-zdravje 05 630x350.jpg

Отечен врат

Ако забележите дека вашиот врат изгледа отечено, побарајте лекарска помош што е можно поскоро. Отекувањето на предниот дел на вратот може да биде предизвикано од проблеми со тироидната жлезда кои се чести кај жените на возраст од 20 до 50 години.

За среќа, со денешната медицина ова е состојба што може да се третира, а симптомите можат да се контролираат.

10-znaci-so-koi-teloto-vi-veli-da-se-pogrizhite-za-vasheto-zdravje 06 630x420.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg