Анатомија на женскиот полов систем: Сѐ што треба да знаете – како изгледаат органите, каде се оплодува јајце-клетката, промени по породување

Ѕидот на матката се состои од три слоја мускулно ткиво. Мускулните влакна се движат надолжно, кружно и косо, испреплетени помеѓу сврзното ткиво на крвните садови, еластичните влакна и колагенските влакна.

Овој силен мускулен ѕид се шири и станува потенок како што детето се развива во внатрешноста на матката. По раѓањето, проширената матка се враќа на својата нормална големина за околу шест до осум недели, но димензии, сепак, се околу 1 cm (0,4 инчи) поголеми во сите правци отколку пред раѓањето. Матката е исто така и малку потешка, а шуплината останува поголема.

Матката на женското дете е мала до пубертетот, кога брзо расте до големината и формата на возрасен. По менопаузата, кога жената повеќе не е способна да има деца, матката станува помала, повлакнеста и побледа.

Болести кои можат да влијаат на матката се инфекции, бенигни и малигни тумори, малформации (една од нив е двојна матка) и пролапс, при што дел од матката се поместува и излегува од вагиналниот отвор.

Трансплантацијата на матка, во која матка од здрава жена се пресадува во засегнатата жена, се смета за потенцијална форма на третман во екстремни случаи на болест на матката или отсуство на матката.

*Интересен податок: првото раѓање на здраво новороденче на примател на трансплантација на матка се случил во 2014 година.

ЈАЈЦЕВОДИ

Фалопиеви туби (јајцеводи) се пар долги тесни канали лоцирани во женската абдоминална празнина кои ги транспортираат сперматозоидите до јајце клетката, обезбедуваат соодветна средина за оплодување и ја транспортираат јајце клетката од јајниците до луменот на матката.

Мукозната мембрана која ја обложува фалопиевата туба испушта секрети кои помагаат да се транспортираат сперматозоидите и јајце клетката и истите да се одржат во живот.

Спермата депонирана во женскиот репродуктивен тракт обично стигнува до инфундибулумот за неколку часа. На јајце клетката, без разлика дали е оплодена или не, потребни се три до четири дена да стигне до празнина на матката.

Абнормалности или оштетување на јајцеводите може да влијаат на плодноста на жената. Ако тие се блокирани или оштетени, сперматозоидите не можат да стигнат до јајце клетката или може да се спречи оплодената јајце клетка да патува до матката.

anatomija-na-zhenskiot-polov-sistem-s-shto-treba-da-znaete-kako-izgledaat-organite-kade-se-oploduva-jajceto-promeni-po-poroduvanje-05.jpg

ЈАЈНИЦИ

Јајник (овариум) е женски репродуктивен орган во кој се произведуваат полови клетки (јајца или јајце клетки). Примарната функција на јајниците е да ги негуваат и подготвуваат ооцитите (јајцата) за процесот на овулација (руптура и ослободување на зрелата јајце клетка од јајниците).

Откако ќе се ослободи јајце клетката, таа мигрира низ фалопиевата туба до матката. Додека е во фалопиевата туба, јајце клетката може да биде оплодена од сперма.

Ако јајцето се оплоди, ќе се всади во ѕидот на матката. Процесите на овулација и оплодување се контролирани главно од клетките во јајниците кои произведуваат и лачат хормони.

Овие хормони се исто така неопходни за женскиот сексуален развој и се неопходни за одржување на бременоста. Истите служат и за регулирање на менструалниот циклус (периодично опаѓање на слузницата на матката).

Возрасните јајници се во облик на бадем, а нивната површина е обично нерамна и има области на ткиво со лузни. Тие се долги околу 4 см, широки 2 см и дебели 1,5 см. Двата јајника тежат околу 4-8 грама.

По менопаузата, јајниците се намалуваат во големина и обично се состојат од старо фиброзно ткиво. Производството на естроген значително се намалува, но не престанува целосно.

anatomija-na-zhenskiot-polov-sistem-s-shto-treba-da-znaete-kako-izgledaat-organite-kade-se-oploduva-jajceto-promeni-po-poroduvanje-04.jpg

Уште еден важен орган, градите се исто така дел од вашите женски делови на телото кои заради функцијата на хормоналниот систем не можат да се одвојат од останатите делови на женскиот полов систем.

Во Македонија торакалните хирурзи се одговорни за лекување на заболувањата на градите, додека во светот главната одговорност ја имаат гинеколозите.

Доколку сте читателка од Македонија и забележите некакви промени во градите, ќе треба да ве упатат на торакален хирург. Ако сте читателка која живее во странство, за промените на градите и нивното лекување, треба да се обратите на вашиот гинеколог.

Анатомијата, фукцијата како и промените на градите ќе бидат објаснети во еден од текстовите кои ќе следат.

anatomija-na-zhenskiot-polov-sistem-s-shto-treba-da-znaete-kako-izgledaat-organite-kade-se-oploduva-jajceto-promeni-po-poroduvanje-08.jpg

Текстот е подготвен од страна на д-р Јасмина Вета Дарковски, специјалист за гинекологија и акушерство, која моментално раководи со специјалната амбуланта за премалигни заболувања на женскиот генитален систем (вулва, вагина и грлото на матката), во Мајсен, Германија.

За CRNOBELO.com д-р Јасмина Вета Дарковски ќе пишува едукативни текстови на разни теми поврзани со женското здравје. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Извор / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Зошто се појавуваат влакна на женските гради и дали е безбедно да ги отстраните? Многу жени и девојки имаат влакненца во пределот на градите, особено околу брада...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg