Анатомија на женскиот полов систем: Сѐ што треба да знаете – како изгледаат органите, каде се оплодува јајце-клетката, промени по породување

Д-р Јасмина Вета Дарковски за CRNOBELO.com овојпат ја објаснува детално анатомијата на женскиот полов систем, со цел секоја жена подобро да го разбере своето тело и да знае кој процес каде се одвива. 

anatomija-na-zhenskiot-polov-sistem-s-shto-treba-da-znaete-kako-izgledaat-organite-kade-se-oploduva-jajceto-promeni-po-poroduvanje-01.jpg

Вулвата, вагината, матката (утерус), јајцеводите (фалопиеви туби) и јајниците (овариумите) се органите со кои се дефинира женскиот полов систем.

ВУЛВА

Анатомија на вулвата на надворешната страна (лево) и од внатрешната страна (десно). 

Поимите наведени на сликата се следни: (од горе кон доле)

  1. Препуциум,
  2. Клиторис,
  3. Мали усни,
  4. Уретрален отвор ( надворешниот отвор на уретрата, мочен канал),
  5. Големи усни,
  6. Отвор на вагината,
  7. Отвор на една Бартолиниева жлезда,
  8. Анус

anatomija-na-zhenskiot-polov-sistem-s-shto-treba-da-znaete-kako-izgledaat-organite-kade-se-oploduva-jajceto-promeni-po-poroduvanje-02.jpg

Вулватa е надворешниот дел од половите органи. Се состои од големи и мали усни, клиторис, пубис (венерин брег), вагинален отвор, уринарен меатус (отвор), Бартолиеви жлезди, Скиниови жлезди и вагинален отвор.

„Двојните врати“ - големи и мали усни - помагаат да се заштити внатрешноста на вагината од надворешни загадувачи. Освен тоа, обезбедуваат и хидратација, благодарение на жлездите во нив.

Вулвата има исто така сексуална функција. Овие надворешни органи се богати со нервни завршетоци и обезбедуваат задоволство кога се правилно стимулирани.

Големината на усните може физиолошки да варира. Доколку едната усна е поголема од другата, тоа е сосема нормална појава. Големината нема влијание на фукцијата. Ако должината на усните е екстремно голема и причинува како естетски така и фукционални проблеми, постои можност за хируршка корекција.

Внимание! Не треба по секоја цена да се врши корекција, бидејки може да се наруши инервацијата (повреда на нервните завршетоци) или да останат големи тврди лузни кои понатаму можат да го нарушат квалитетот  не само на сексуалниот живот, туку и на животот воопшто.

ВАГИНА

Вагината е каналот што ја поврзува вулвата со грлото на матката и матката. Тоа е еластичен канал покриен со мукозни мембрани, со своја микрофлора и специфична кисела pH вредност и игра голема улога во сексуалниот живот, складирањето и транспортот на спермата до матката и јајцеводите за оплодување на јајце клетката, како и при раѓање.

Точната големина на вагината е предмет на различни контроверзии, но секако дека варира од жена до жена.

Просечната должина на вагината е околу 8 см, но кога жената е сексуално возбудена, таа станува многу еластична и може да се издолжи.

МАТКА

Матка, наречена и утроба (утерус), мускулен орган на женскиот репродуктивен систем (во облик на превртена круша), кој се наоѓа помеѓу мочниот меур и ректумот (завршетокот од дебелото црево).

anatomija-na-zhenskiot-polov-sistem-s-shto-treba-da-znaete-kako-izgledaat-organite-kade-se-oploduva-jajceto-promeni-po-poroduvanje-03.jpgАнатомија на Матката

Матката има четири главни дела:

Фундус (fundus of uterus) е широката закривена горна област во која јајцеводите се поврзуваат со матката;

Тело (body of uterus), главниот дел од матката, започнува директно под нивото на фалопиевите туби и продолжува надолу додека ѕидовите и шуплината на матката не почнат да се стеснуваат;

Истмус (isthmus of uterus) е долниот, тесен предел на вратот и најнискиот дел,

Грло  (cervix of uterus) на матката, кој се протега надолу од истмусот додека не се отвори во вагината.

Матката е долга 6-8 cm со дебелина на ѕидот од приближно 2-3 cm. Ширината на матката варира и генерално е широка околу 6 cm во фундусот и околу 3cm кај истмусот.

Празнина на матката се отвора во вагиналната празнина, а двете го сочинуваат она што е општо познато како породилен канал.

Внатрешноста на матката е влажна мукозна мембрана позната како ендометриум.

Дебелината на слузницата се менува за време на менструалниот циклус, а најгуста е во периодот на ослободување на јајце клетката од јајниците.

Ако јајцето е оплодено, се прицврстува на дебелиот ендометријален ѕид на матката и почнува да се развива. При тоа, главната функција на матката е да ја храни и чува оплодената јајце клетка додека фетусот, или потомството, не биде подготвено за породување.

anatomija-na-zhenskiot-polov-sistem-s-shto-treba-da-znaete-kako-izgledaat-organite-kade-se-oploduva-jajceto-promeni-po-poroduvanje-06.jpg

Ако јајцето не е оплодено, ѕидот на ендометриумот го отфрла својот надворешен слој на клетки; јајце клетката и вишокот ткиво потоа се пренесуваат од телото за време на менструалното крварење.

Ендометриумот, исто така, произведува секрети кои помагаат да се одржуваат живи и јајце клетката и сперматозоидите. Компонентите на ендометријалната течност вклучуваат вода, железо, калиум, натриум, хлорид, гликоза (шеќер) и протеини.

Гликозата е хранлива материја за репродуктивните клетки, додека протеините помагаат при имплантација на оплодената јајце клетка. Останатите состојки обезбедуваат соодветна средина за јајце клетката и сперматозоидите.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Зошто се појавуваат влакна на женските гради и дали е безбедно да ги отстраните? Многу жени и девојки имаат влакненца во пределот на градите, особено околу брада...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg