Зошто имаме бенки и други израстоци на кожата и дали треба да нè загрижуваат?

Израстоците на кожата како бенки и папиломи се нормална појава, но факт е дека во ретки случаи можат да бидат и проблематични.

zoshto-imame-benki-i-drugi-izrastoci-na-kozhata-i-dali-treba-da-ne-zagrizhuvaat-01.jpg

Некогаш е тешко да се направи разлика помеѓу нормален и канцероген израсток, па секогаш е добро да ги знаете разликите и симптомите на кои треба да обрнете внимание.

Зошто имаме израстоци на кожата и кога треба да се консултирате лекар?

Што се бенките и зошто се појавуваат?

Бенките се вид израстоци на кожата и најчесто имаат кафеава или црна боја. Кај повеќето луѓе, тие почнуваат да се појавуваат во детството.

Нормално е и нови бенки да се појавуваат до 25-тата година од животот, а кај некои луѓе и малку подоцна.

Во просек, луѓето имаат од 10 до 40 бенки на телото додека да станат возрасни.

Низ годините, можете да забележите промена кај некои бенки, а дел од нив можат и да исчезнат.

Тие можат и да станат потемни ако се изложени на сонце, но и во текот на тинејџерските години или во текот на бременоста.

На некои бенки можат да пораснат и влакна.

Бенките настануваат кога клетките на кожата почнуваат да расте во кластер, наместо да се распоредуваат по површината.

zoshto-imame-benki-i-drugi-izrastoci-na-kozhata-i-dali-treba-da-ne-zagrizhuvaat-02.jpg

Дали треба да бидете загрижени за нив?

Генерално, бенките не треба да бидат причина за загриженост, а ако има некоја опасна, ќе се разликува од вашите останати бенки.

Сепак, добро би било да ги следите оние кои ви се појавиле по 25-тиот роденден. Ова не значи дека тие се канцерогени, но ако забележите дека се менуваат, консултирајте се со дерматолог.

Симптоми на кои треба да обрнете внимание:

  • Асиметричност – ако едната половина од бенката е различна од другата.
  • Граници – ако границата на бенката е искривена и неправилна
  • Боја – ако бенката нема иста боја насекаде или ако има чудна нијанса, како бела, црвена или сина
  • Големина – ако бенката се зголемува со текот на времето
  • Други промени – ако се менува формата или бојата на бенката

zoshto-imame-benki-i-drugi-izrastoci-na-kozhata-i-dali-treba-da-ne-zagrizhuvaat-03.jpg

Што се папиломи и дали се опасни?

И папиломите се израстоци на кожата и се сметаат за бенигни. Ова значи дека обично не се зголемуваат и не се рашируваат низ телото.

Папиломите се формираат само на одредени видови ткиво, но сепак можат да се појават каде било на телото.

Тие настануваат кога кожата е заразена со еден од многуте вируси од групата на човечки папиломни вируси (ХПВ).

Иако папиломите се безопасни, не треба да ги допирате или да ги чешате бидејќи може да настане инфекција. Исто така, никако не пробувајте да се ослободите од нив во домашни услови - ако сакате да ги отстраните, одете кај дерматолог.

Ако, пак, забележите симптоми како отоци во нивната област или болка и непријатност, добро би било да се консултирате со лекар.

zoshto-imame-benki-i-drugi-izrastoci-na-kozhata-i-dali-treba-da-ne-zagrizhuvaat-04.jpg

Може ли да се спречи појавата на папиломи?

Постојат неколку начини да го намалите ризикот од појава на папиломи:

  • Не ги допирајте туѓите – ХПВ вирусот е многу заразен, па можете да се заразите и на овој начин
  • Не користете туѓи предмети за хигиена – овде спаѓаат крпи, бричови, грицкалка за нокти…
  • Често мијте ги рацете – ХПВ вирусот е многу честа појава, па со редовното миење раце значително ќе го намалите ризикот од зараза
  • Престанете да ги грицкате ноктите – преку раните што си ги создавате кога ги грицкате ноктите, ХПВ вирусот лесно може да влезе во телото
  • Не газете боси на базен – ХПВ вирусот вирее во влажни и топли места, па секогаш носете влечки кога одите на базен. Истото важи и ако користите туш во теретана

zoshto-imame-benki-i-drugi-izrastoci-na-kozhata-i-dali-treba-da-ne-zagrizhuvaat-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg