Витамин Д, калциум, Б комплекс – што ќе се случи ако претерате со земањето суплементи?

Ако внесувате многу калциум преку суплементи, може да се соочите со повраќање, болки во коските и проблеми со бубрезите.

vitamin-d-kalcium-b-kompleks-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-zemanjeto-suplementi-01.jpg

Витамините и минералите се неопходни за правилна функција на организмот, па поради ова многу луѓе мислат дека си прават добро со тоа што земаат суплементи.

Но, ако се храните здраво, веројатно немате потреба од суплементи бидејќи сите хранливи материи ги внесувате преку храната.

Од друга страна, ако не внимавате на исхраната, суплементите нема да ја поправат штетата од нездравата храна.

Пред да почнете со суплементи, без разлика за кои витамини и минерали станува збор, задолжително консултирајте се со лекар. Тој ќе утврди дали има потреба од суплементи и ќе ви помогне да ја одредите дневната доза.

Што ќе се случи ако претерате со земање одредени суплементи?

Витамин Д

Витаминот Д му е потребен на организмот за здравјето на коските бидејќи помага во апсорпцијата на калциумот.

Овој витамин регулира и други функции во телото, а добар е за имунитетот, мускулите и мозокот.

Витаминот Д не е многу присутен во храната, но може да се внесе со помош на намирници збогатени со него.

Исто така, телото произведува витамин Д кога сме изложени на сончева светлина, а можете да го внесувате и со суплементи.

Сепак, ако претерате со суплементите, можете да почувствувате несакани последици.

Труењето со витамин Д е ретко и може да настане ако внесете големо количество преку суплементи. Главна последица на ова труење е таложењето калциум во организмот, а ова, пак предизвикува повраќање, слабост и честа потреба за уринирање.

Ако продолжите да земате многу витамин Д, можат да се појават болки во коските и проблеми со бубрезите.

vitamin-d-kalcium-b-kompleks-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-zemanjeto-suplementi-02.jpg

Калциум

Калциумот е потребен за коските, но и за срцето, мускулите и нервите.

Постојат многу намирници богати со калциум, но можете да користите и суплементи. Сепак, пред да почнете со суплементи, препорачливо е да се консултирате со лекар бидејќи не се погодни за секого.

Некои истражувања покажале дека суплементите со калциум можат да имаат лошо влијание врз лицата со проблеми со срцето.

Исто така, можно е и да претерате со суплементи, и во тој случај ќе почувствувате слични проблеми како предозирањето со витамин Д: повраќање, слабост, болки во коските, проблеми со бубрезите…

vitamin-d-kalcium-b-kompleks-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-zemanjeto-suplementi-03.jpg

Цинк

Цинкот ја поттикнува работата на имунитетот и метаболизмот, а е важна хранлива материја која го забрзува заздравувањето на раните. Исто така, цинкот е важен за сетилата за вкус и мирис.

Со разновидна исхрана, можете да внесете доволно цинк во организмот, а можете да користите и суплементи.

Сепак, ако размислувате за суплементи, консултирајте се со лекар бидејќи лица кои пијат некои лекови не би требало да ги користат.

Ако пак претерате со суплементите, можно е да почнете да чувствувате симптоми како грип, односно треска, кашлање, главоболка и замор.

Можно е да се намали и нивото на „добриот“ холестерол, да се јави повраќање, како и промени во сетилото за вкус.

vitamin-d-kalcium-b-kompleks-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-zemanjeto-suplementi-04.jpg

Витамин А

Овој витамин, познат и како ретинол, има неколку важни функции – ја подобрува работата на имунитетот, добар е за видот и го одржува здравјето на многу органи.

Со разновидна исхрана, без проблем ќе внесете доволно витамин А, а секако, можете да користите и суплементи.

Покрај „предозирањето“ со суплементи, можно е да внесете многу витамин А и преку храна. Односно, ако јадете црн дроб повеќе од еднаш неделно, можно е да внесете многу од овој витамин.

При предозирање со витамин А се јавуваат неколку симптоми како промени во видот, болки во коските и промени на кожата.

Ако долго време внесувате повеќе витамин А од потребното, може да се оштети и црниот дроб.

vitamin-d-kalcium-b-kompleks-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-zemanjeto-suplementi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg