Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми?

Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот синдром на нервозни црева. Не е познато зошто се појавува овој синдром, но со помош од лекар, можете да ги контролирате симптомите и да си го подобрите квалитетот на животот.

sindrom-na-nervozni-creva-zoshto-se-javuva-i-mozhat-li-da-se-kontroliraat-neprijatnite-simptomi-01.jpg

Синдромот на нервозни црева, познати и како IBS (од англиски – irritable bowel syndrome) е честа појава која има влијание врз дигестивниот систем.

Симптомите на синдромот генерално се појавуваат повремено и траат од неколку дена, па до неколку месеци. Обично синдромот на нервозни црева е доживотен проблем.

Добрите вести се дека во повеќето случаи, луѓето со овој синдром искусуваат благи симптоми кои можат да се третираат.

Што треба да знаете за оваа појава?

Кои се причините за појава на синдромот и колку е чест?

Не е позната точната причина за појава на синдром на нервозни црева.

Сепак, постојат неколку ризични фактори кои можат да имаат улога:

Мускулни контракции во цревата – На ѕидовите на нашите црева има мускули благодарение на кои храната се движи низ нив. Кога контракциите на овие мускули се посилни или подолги, можат да настанат гасови, подуеност и дијареја. Послабите контракции, од друга страна, можат да предизвикаат констипација.

Нервен систем – И проблемите со нервите во дигестивниот систем можат да предизвикаат симптоми на нервозни црева.

Сериозна инфекција – Синдромот на нервозни црева може да се јави и по инфекција со бактерија или вирус кои предизвикале дијареја.

Стрес – Луѓето кои водат многу стресен живот, како и оние кои имале многу стресно детство, генерално почесто имаат симптоми на нервозни црева.

Промени во микробите во цревата – Овде спаѓаат какви било промени на бактериите, габите и другите микроорганизми кои се наоѓаат во нашиот дигестивен систем и се важни за здравјето.

sindrom-na-nervozni-creva-zoshto-se-javuva-i-mozhat-li-da-se-kontroliraat-neprijatnite-simptomi-02.jpg

Кои се најчестите симптоми и што ги „активира“ симптомите?

Дел од најчестите симптоми на синдром на нервозни црева вклучуваат:

  • Болки и грчеви во стомакот
  • Подуеност
  • Дијареја
  • Констипација

Симптоми кои се јавуваат поретко вклучуваат:

  • Гасови
  • Замор и недостаток на енергија
  • Гадење
  • Болки во грбот
  • Проблеми со одење во тоалет, како честа потреба за мокрење
  • Проблеми со контролирање на потребата за одење во тоалет

sindrom-na-nervozni-creva-zoshto-se-javuva-i-mozhat-li-da-se-kontroliraat-neprijatnite-simptomi-03.jpg

Симптомите на синдромот на нервозни црева не се присутни постојано и обично се „активираат“ од разни фактори.

Дел од најчестите се:

Храна – Не е познато дали алергијата или нетолеранцијата на некои видови храна има влијание врз симптомите. Но сепак, повеќето луѓе ги чувствуваат симптомите кога консумираат одредени намирници како млечни продукти, цитрусно овошје, грав, зелка, газирани пијалаци...

Стрес – Повеќето луѓе кои го имаат овој синдром имаат почести или поизразени симптоми во стресни периоди. Сепак, експертите веруваат дека стресот не ги предизвикува симптомите, туку само ги влошува.

sindrom-na-nervozni-creva-zoshto-se-javuva-i-mozhat-li-da-se-kontroliraat-neprijatnite-simptomi-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg