Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто во зима качуваме килограми?

zosto-vo-zima-kacuvame-kilogrami-povekjeТоплата гардероба која ја облекуваме со доаѓањето на студените денови го сокрива телото, така што на него помалку мислиме и не треба да не чуди што...


...се здебелуваме во просек од 1,5 – 2 килограми во текот на зимата.

Постои теорија по која сме генетски програмирани на есен да акумулираме маснотии за да ја преживееме зимата.

Меѓутоа проблемот е во тоа што повеќе не мораме да таложиме сало затоа што имаме доволно храна во текот на целата година, објаснуваат лекарите.

На зголемениот апетит во текот на зимските денови делува и мелантоинот, популарно наречен „хормон на спиењето“, кој се лачи повеќе во текот на зимата и во есен, а кај некои луѓе го поттикнува чувството на глад.

Лекарите како причина за задебелувањето ја наведуваат и промената на храната која ја користиме во зима.

zosto-vo-zima-kacuvame-kilogrami

Имено тогаш се користи покалорична и помрсна храна, но тука има влијание и депресивната состојба која обично е последица на овие годишни времиња, а ја „лечиме“ со консумирање претежно благи работи.

Помалата количина на витамин Д исто така може да влијае на килограмите, но тоа сеуште не е научно докажано.

Се мисли дека недостатокот на витамин Д го успорува разградувањето на масните наслаги, па се советува што повеќе да се изложуваме на дневна светлина и да јадеме мрсна риба богата со овој витамин.

Да напоменеме, без физичка активност, нема губење на калории.

Би можело да ве интересира:

Зошто некои луѓе колабираат кога е многу жешко (и како да им помогнете)? Колабирањето од жешко време може да им се случи на сите, без разлика на возраста...
Најчести симптоми за проблем со црниот дроб + како да се заштитите? Жолтицата е еден од најчестите симптоми за проблеми со црниот дроб, додека алкох...
Најчести симптоми (и причини) за ниско ниво на прогестерон Прогестеронот има клучна улога во подготвувањето на матката за бременост. Па, ак...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Кои лекови се токсични откако ќе им помине рокот на траење, според фармацевт? Додека парацетамолот кој е добро затворен има само намалена ефикасност откако ќе...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сите во семејството само ме критикуваат, посакувам да си заминам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg