Како да се „спасите“ од жештината, без да вклучувате клима уред?

Има многу луѓе кои во овој период кога температурите почнуваат да се зголемуват, се двоумат дали е време да почнат да ја вклучуваат климата.

kako-da-se-spasite-od-zheshtinata-bez-da-vkluchuvate-klima-ured-01.jpg

Голем дел сакаат да издржат што е подолго без клима, прво бидејќи потоа создава еден вид зависност, а второ бидејќи не е добро за здравјето постојано да сте изложени на клима.

А, мора да бидеме реални дека постојат и домови без клима уред, па мора да се снаоѓаат кога ќе почнат горештините.

Посебно е тешко навечер кога не можете да спиете од топло, а секако не сакате да климата да лади цела вечер.

Па, како да го изладите домот и креветот без да вклучувате клима?

За собата да ви биде ладна навечер, мора да ја одржувате ладна преку ден

  • За собата да биде ладна, важно е правилно да ја проветрувате и не е потребно цел ден да биде отворено. Затворете ги прозорците кога температурата е над 25˚С, а коа ќе падне, повторно отворете ги. Најдобро е да ги отворате прозорците рано наутро до 9-10 часот и потоа повторно по 20 часот.

  • За во домот да не влегува премногу сончева топлина, треба да користите соодветни завеси. Не купувајте синтетички зависи бидејќи лесно се загреваат и прават уште потопло. Најдобро е да користите завеси од квалитетен, природен и густ материјал во бела или светла боја.

  • За топлината да не се задржува во домот, важно е да се ослободите од сите предмети кои собираат прашина – тепих и огромни перници. Така воздухот ќе биде почист и поладен.

  • За време на проветрувањето, може да намокрите пешкир и да го закачите или постелите пред прозорецот. Така собата побрзо ќе се излади, но не го оставајте премногу долго.

  • Навечер, исто така можете да го намокрите подот со крпа, а температурата малку ќе се намали и ќе може поудобно да спиете.

kako-da-se-spasite-od-zheshtinata-bez-da-vkluchuvate-klima-ured-02.jpg

Вентилатори на плафон

Тие не се многу скапи, се закачуваат лесно и добро ја ладат собата. Некои од нив имаат посебни позиции за две годишни времиња, па потрудете се да биде префрлено на „лето“.

Ако не можете да најдете прекинувач, проверете ги перките – тие треба да се вртат во насока обратна од часовникот.

kako-da-se-spasite-od-zheshtinata-bez-da-vkluchuvate-klima-ured03.jpg

Домашно направен „клима уред“

Обичниот мал вентилатор нема моќ да го излади воздухот, а некогаш може да се случи токму спротивното.

Но, вентилаторот може да се претвори во замислен клима уред. Замрзнете две шишиња со вода и ставете ги пред вентилаторот, а ладниот воздух ќе се прошири низ цела просторија. Шишињата може да ги менувате на неколку часа.

kako-da-se-spasite-od-zheshtinata-bez-da-vkluchuvate-klima-ured-04.jpg

Изладете го креветот и постелнината

  • Ако постелнината ви е сатенска или синтетичка, заменете ја со природен материјал, памук или свила. Памучните чаршави апсорбираат пот и одржуваат ладовина. Природната свила пак, е многу лесна и може минимално да ја лади кожата.

  • Исто така носете пижами од памучен материјал или спијте без облека, бидејќи тоа е исто така докажано како корисно за здравјето.

  • Наутро, можете да ја здиплите постелнината и завиткана во кеса да ја ставите во фрижидер (не во замрзнувач) да се лади цел ден, а навечер да ја постелите на кревет.

kako-da-se-spasite-od-zheshtinata-bez-da-vkluchuvate-klima-ured-05.jpg

Доколку сепак се одлучите за клима уред

Не оставајте климата да дува цела вечер со цел да се заштитите првично здравствено. На новите уреди има опција за автоматско гасење кога ќе се постигне посакуваната температура.

kako-da-se-spasite-od-zheshtinata-bez-da-vkluchuvate-klima-ured-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови Како најлесно да ги исечете печурките, но и како да ја „спасите“ овенатата краст...
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
Апарати за домаќинство кои не треба да се вклучуваат на продолжен кабел Доколку ги приклучите на продолжен кабел и ги вклучите во исто време, овие апара...
Каква енергија „ви зрачи“ нередот во секој дел од домот - Неуредниот ходник носи расправии и сиромаш... Зошто е неопходно да го исчистите ходникот од старите чевли и чадори, а зошто не...
10 работи кои треба да ги избегнувате при уредување на домот (за дизајнерите се одраз на лош вкус) Пластични цвеќиња, килими со животински принт, преголем број украсни перничиња -...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg