15 работи што вреди да ги купувате на големо

Сапуни и шампони

Продуктите за хигиена траат долго, па можете да купите повеќе одеднаш.

Доколку користите течен сапун, можете да купите голема амбалажа и од неа да дополнувате помало пакување.

Ориз

Како тестенините, и оризот трае долго. Покрај тоа, оваа храна е здрава и евтина, а е уште поевтина ако ја купувате на големо.

15-raboti-shto-vredi-da-gi-kupuvate-na-golemo-06.jpg

Сијалици

Сијалиците се потрошен материјал, па добро е во домот да имате резерва.

Следниот пат кога ќе купувате сијалица, купете неколку и чувајте ги на безбедно место.

Житарици

Доколку често појадувате житарици, можете и нив да ги купувате на големо. И ова е храна што има подолг рок на траење, а кога ќе имате неколку пакувања во домот, ќе нема потреба да се грижите за појадок.

Кафе

Кафето е омилениот утрински пијалак на многумина, а веројатно и вие го почнувате секој ден со шолја кафе.

Ако купувате поголема количина кафе, речиси сигурно ќе платите помалку. Покрај тоа, нема да ви се случи да останете без кафе наутро пред работа.

15-raboti-shto-vredi-da-gi-kupuvate-na-golemo-07.jpg

Пелени

Секој родител ќе ви каже дека пелените се трошат многу, многу брзо. Покрај тоа, пелените се и скапи, па добро е да ги купувате на големо.

Инвестирањето во голема кутија пелени ќе се исплати многу повеќе, отколку да купувате мали пакувања.

Училиштен прибор

На почетокот од школската година, опремете го детето со повеќе пенкала, тетратки и друг прибор. Покрај тоа што училишниот прибор е поевтин овој период, кога ќе имате резерва, не треба да се грижите дали вашето дете има сè што му е потребно за на училиште.

15-raboti-shto-vredi-da-gi-kupuvate-na-golemo-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...

Најчитани неделава