Совети за одгледување хризантема - најубавото есенско цвеќе

Размножување на хризантемите

Ако вашите хризантеми се стари 2 или повеќе години, најверојатно ќе покажат знаци на стареење. Честопати стеблото станува исклучително тенко, а цветовите може да почнат да имаат различни и необични форми. Ако забележите нешто вакво, тоа ќе ви биде сигурен знак за здравјето на вашето растение: му треба размножување.

Во пролет, отстранете ги старите делови од растението, па така ќе добиете тенки, млади делови кои морате повторно да ги засадите затоа што ќе имаат поголеми шанси за преживување.

Додајте им малку органско ѓубриво за да бидете сигурни дека почвата ќе биде богата со хранливи материи.

se-za-hrizantemite-shto-treba-da-znaete-za-odgleduvanjeto-na-ovaa-kralica-na-esenta-05.jpg

Како да се грижите за хризантемите во текот на зимата?

Во местата каде што зимите се многу студени, хризантемите ќе мора да ги поминат зимските месеци во саксии, во затворен простор. За таа цел ќе ви треба поладен простор, но ќе треба да бидат заштитени од мраз.

Едноставно пренесете ги во просторот кој е наменет за тоа и не мора ништо да им правите кога е во прашање нивниот изглед.

Ако хризантемите имаат листови, не ги отстранувајте додека напролет повторно не ги изнесете надвор. Наводнувајте ги редовно, но не премногу. 

Важно е да имаат и доволно светлина во зимските месеци.

se-za-hrizantemite-shto-treba-da-znaete-za-odgleduvanjeto-na-ovaa-kralica-na-esenta-06.jpg

Какво значење има секоја боја на хризантемите?

Како што споменавме и претходно, хризантемите ги среќаваме во различни бои, а секоја од нив има свое посебно значење:

  • Бела – се поврзува со вистина, јасност на мислата и правилно одлучување
  • Црвена – знак на љубов и страст
  • Виолетова – елеганција и благородност
  • Портокалова – топлина и напредок
  • Жолта – како најтажен симбол, го носи знакот на невозвратена љубов

se-za-hrizantemite-shto-treba-da-znaete-za-odgleduvanjeto-na-ovaa-kralica-na-esenta-07.jpg

Хризантемите сè повеќе се користат и за цветни аранжмани и букети, бидејќи тие подолго време ја задржуваат својата форма и не овенуваат брзо, ниту на топлина ниту на пониски температури.

Затоа, идеални се за аранжмани кои треба долго да стојат надвор од вода, како на пример декорирање за свадби или други свечености, при што сè почесто своето место го наоѓаат и во невестинските букети, а особено хризантемите во бела и црвена боја.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com/pixabay.com



Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Дворчето на Ружа во Ресен, каде царуваат хризантемите во сите бои (фото) Од виолетови до бели, хризантемите го претворија дворот на Ружа Димиџиевска од Р...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава