Цвеќиња кои секогаш ги подаруваме, но не го знаеме нивното значење

Секој цвет има своја симболика, па со оглед на тоа каква порака сакате да пренесете, одбирајте внимателно каков цвет ќе подарите.

cvekinja-koi-sekogas-gi-podaruvame-no-ne-go-znaeme-nivnoto-znacenje-01.jpg

Кога и да станува збор за подарок за посебна личност и пригода, речиси секогаш изборот паѓа на убав букет цвеќе.

Но она што треба да се знае е тоа дека иако секогаш изгледаат префинето, одреден вид на цвеќиња не треба да ги подарувате бидејќи носат љубомора, презир и несреќа.

Па доколку верувате во вакви симболи, прочитајте што симболизира секое цвеќе:

Роза

Иако најчесто изборот паѓа на розите, сепак треба да знаете дека не секоја жена треба да добие роза.

Секоја боја има различна симболика па така црвените рози, симболизираат страст и љубов.

Ако се одлучите за бели рози треба да знаете дека симболизираат искреност и невиност. Жолтите рози значат неверство и љубомора.

cveke-podarok-05.jpg

Орхидеја

Жените се љубители на префинетата и нежна орхидеја која симболизира желба за успех и уникатност.

Овој вид на цвеќе најчесто се подарува на болни и трудници во болница, за да им посакаат брзо закрепнување.

Но, одлична е и како подарок доколку сакате некому да му посакате успех во кариерата.

cveke-podarok-06.jpg

Лале

Лалето е симбол на гордост и слава, па овој цвет е одличен избор за подарок. Но сепак треба да внимавате на бојата.

Црвеното лале симболизира љубов, жолтото лале е поврзано со безнадежна љубов. Розово лале означува грижа, а бело за простување.

cveke-podarok-03.jpg

Нарцис

Нарцисот исто така се смета за едно од омилените цвеќиња на жените, но неговото значење е самољубие, нарцисоидност, самобендисаност.

Жолтиот нарцис може да значи и презир.

cveke-podarok-02.jpg

Крин

Кога станува збор за цвеќиња кои најчесто се на списокот за подарок, тука е и кринот кој е симбол на бескрајна убавина, среќа, чистота, невиност, бесмртност и спасение.

Белиот крин значи невиност и чистота, жолтиот лага и измама, а виолетовиот крин значи враќање на среќата.

cveke-podarok-04.jpg

В. К. | Црнобело / фото: pexels.com 

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...

Најчитани неделава