Во градината на Викторија: „Син ми обожава да ми помага, си готвиме манџи од свежо набрани продукти“

„Мојата прабаба сè додека беше силна физички, работеше во својата градина која беше нејзина гордост, па така и јас одлучив да тргнам по нејзините стапки и сега уживам во градинарството“, вели Викторија Кочишка Димитријева за CRNOBELO.com.

vo-gradinata-na-viktorija-sin-mi-obozhava-da-mi-pomaga-si-gotvime-mandji-od-svezho-nabrani-produkti-01.jpg

Замислете да си имате своја градина од која си берете домати, пиперки, краставици и веднаш си правите салата, плус си готвите и манџа од вашата градина...

Токму вакво задоволство има Викторија Кочишка Димитријева од Скопје, која со мајка ѝ си направиле ваква градина во нивната викендичка во близина на Скопје.

Од каде инспирацијата, Викторија споделува за CRNOBELO.com:

„Додека бев мала, големиот дел од годината, посебно летните денови ги поминував во село Светорача, Кичевско. Селото во кое израснале мојот дедо, моите прабаба и прадедо со цела фамилија.

IMG_4133.jpg

Мојата прабаба сè додека беше силна физички, работеше во својата градина која беше нејзина гордост.

Секој кој ќе и дојдеше на посета, прво го носеше да му ги покаже своите цвеќиња во сите прекрасни бои и, секако, градината со највкусните моркови, пиперки и најслаткиот компир, кој веднаш откако ќе го извадеше од земја само го миеше на чешмата и од него ни го правеше највкусниот помфрит.

Прадедо ми имаше слива и од неа правеше ракија, која секако ја обожаваа возрасните.

1.jpg

Во „комшии “имавме највкусен домат јабучар и до ден денес кога одиме во село си го посетуваме дедото кој го одгледува со многу труд и љубов.

Сите тие природни, домашни продукти ми останаа во сеќавање и како поминуваа годините на созревање, најголема желба ми беше да имам своја градина.

Спомените со прабаба ми и прадедо ми останале врежани во моето срце и ме следат во животот, ме мотивираат да живеам барем еден мал дел од она што го поминувавме со нив, посебно сега кога сум мајка и секако здравјето на моето дете е приоритет. 

Селото и нашата семејна куќа која прадедо ми и прабаба ми сами ја изградиле за своите внуци и правнуци сè уште стои на свое место, но градината немаше кој да ја одржува.

3.jpg

Изминативе години особено после „времето на корона“, нè наведе мене и мајка ми многу често да размислуваме за наша градина.

Почнавме да истражуваме, да се консултираме со веќе искусни градинари, но во меѓувреме учев и практикував совети од фамилијата на мојот сопруг. Во нивниот двор одгледуваат домашни производи во летниот период. 

Оваа година заедно со мојот ментор во животот - мојата мајка го започнавме нашиот креативен проект во викендичката во близина на Скопје и направивме мини градина. 

2.jpg

Најголема радост во целиот овој процес е мојот син, кој секогаш со нетрпеливост кога стигнуваме во викендичката, веднаш трча да провери како е нашата градина, да си набере највкусни пиперки и шери домати, кои се омилени за него. 

4.jpg

По стапките на мојата прабаба, баба и мајка, готвењето е моја омилена креативна активност, во која секогаш вложувам многу љубов.

Свежо набрано и веднаш зготвено во вкусна манџа, салата со домашната ракија на тато, пита со блитва и домашно сирење од пасиштата на сè уште чистите и незагадени пространства во источна Македонија. Незаменливо! 

5.jpg

7.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Дворот на Мирјана во Пештани е еден од најубавите – камени ѕидови со цвеќиња, реставриран стар мебел... „Секој детаљ, секое катче е плод на макотрпна, но исплатлива работа која што јас...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...
Дворчето на Ружа во Ресен, каде царуваат хризантемите во сите бои (фото) Од виолетови до бели, хризантемите го претворија дворот на Ружа Димиџиевска од Р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg