Направи сам: Цвеќе во стар трупец од дрво

Имате тераса, двор или балкон на кој би сакале да поставите интересни саксии во кои до израз ќе дојдат цвеќињата кои веќе долго време ги чувате? Наш предлог е да пронајдете неколку неискористени трупци, шупливи дебели гранки или стебла кои ќе се обидете да ги претворите во нешто модерно и уникатно.

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-01

Овие неколку предлози се вклопуваат во секој амбиент, а ви дозволуваат да засадите какво растение и да посакате.

Трупецот од пресечено дрво во дворот на кој одамна не знаете што да му правите, конечно можете да го наполните со омиленото цвеќе. Издлабете го, посипете земја и засадете.

Дел од стебло од било кое дрво може да биде одлична саксија за цвеќе. На истиот начин засадете ги цвеќињата, со таа разлика што оваа вазна или саксија, наречете ја како сакате, можете да ја преместите во било кој дел од дворот.

Дел од стебло со природно издлабен дел може да биде прекрасна саксија која можете да ја поставите веднаш до дрвената ограда.

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-03

Хоризонтално поставеното стебло може да биде одлична висока саксија која ќе ја поставите веднаш до влезната врата.

Цветната градина од неколку издлабени стебла е одлична доколку имате повеќе простор во дворот кој не знаете како да го пополните. Распоредете ги стеблата на неколку места и создадете прекрасна целина.

Уште пак ако сте доволно креативни и умешни да изведете голема саксија на ногарки? Уникатна декорација!

Гранките од бреза исто така се одлична декорација на едноличните саксии кои нема ни да се гледаат. Заврзете ги околу саксијата и инстантно добивате нова и природна декорација.

Покрај тоа што во дворот изгледаат одлично, саксиите од тенки гранки би биле одлична декорација во домот.

Погледнете како овие идеи ќе изгледаат кога ќе ги приментите во вашиот двор...

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-02

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-04

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-05

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-06

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-07

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-08

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-09

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-10

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-11

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-12

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Во дворот на Сања од битолско: „Со сопругот сами правиме декорации, во зима уживаме во стакленикот“ „Љубовта кон цвеќето ми е некако наследена од мојата мајка – како мала таа многу...
Рајското дворче на црквата „Св. Илија“ во охридското с. Велгошти е совршено за релаксација (фото) До црквата може да се стигне со автомобил по локален пат, а постојат и пешачки п...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Дворчето на Ружа во Ресен, каде царуваат хризантемите во сите бои (фото) Од виолетови до бели, хризантемите го претворија дворот на Ружа Димиџиевска од Р...

Најчитани неделава