Направи сам: Романтично осветлување во дворот

Ако веќе ви здодеа од обичните светилки за во двор и сакате нешто уникатно и впечатливо, тогаш подарете му на вашиот двор едно поинакво осветлување.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-1-

Со малку слободно време можете да заштедите на скапите осветлувања и да направите нешто со кое ќе можете да се пофалите, а и да се гордеете на одлично завршената работа.

Инспирирајте се од овие неколку идеи и фатете се за работа:

1. Светилка од хулахоп

Иако изгледа тешко за изработка сепак овој проект е многу лесен и едноставен. Мали се шансите да го згрешите при изработката, а она што добивате е изненадувачки совршено осветлување за дворот. Најдете некој стар хулахоп и обвијте го со фабричка лента, а околу него поставете ги светилките. Додајте синџири, жица или лента на хулахопот за да го прицврстите на плафонот и проектот е готов.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-2

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-3


2. Осветлување во тегла

Додајте доза романтика во дворот со овие едноставни светилки направени од тегли. Направете десетина, поставете ги во тревата или закачете на огразата и ефектот ќе биде одличен. Во теглите ставете камчиња, а одозгора ставете ја свеќата. На капаците од теглите додадете синџирчиња доколку сакате некаде да ги прикачите или можете да ги поставите на земја околу масата во дворот.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-4


3. Конзерви како светилки

Искористете ги старите конзерви за да направите осветлување во вашиот двор. Тие се одлични за да ги поставите на вашата маса и да уживате во летната ноќ гледајќи во ѕвездите. На старите конзерви направете ситни дупчиња, а во нив ставете мали свеќички. Низ малите дупчиња ќе излегува нежна и романтична светлина.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-5


4. Свеќи во трупци од дрво

За рустикален изглед во вашиот двор земете неколку трупци од дрво. Исечете ја во круг средината на дрвото, но не премногу длабоко, а потоа додајте вода. Со помош на водата свеќичките ќе пловат слободно и ќе дадат еден поинаков светлосен ефект. За уште поинтересен изглед додајте неколку листови од дрвја до свеќите.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-7


5. Дрвја завиткани во светилки

Наместо да ја отстранувате гранката во дворот која ви пречи, зачувајте ја и искористете ја за нешто уште подобро.  Потребни ви се обични дворски светилки кои ќе ви завиткате околу растенијата во дворот и добивате уникатно решение за вашето дворско осветлување.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-8

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-9


6. Камчиња кои светат

Ова е уште една невообичаена, уникатна и евтина идеја за додавање светлина во дворот. Обојте ги ситните каменчиња или било што ќе ви падне на ум со флуоресцентна течност или боја. Расфрлете ги низ дворот или наредете ги по патеката, а во текот на ноќта тие ќе го осветлуваат вашиот простор.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-10


7. Висечки светилки

Оваа идеја можете да ја искористите за некоја посебна пригода во вашиот двор. Набавете си многу мали светилки и поврзете ги со жица или лента. Потоа обесете ги низ вашата градина во различна висина и на различни места. Ќе добиете одличен романтичен изглед во текот на целата ноќ.

napravi-sam-romanticno-osvetluvanje-vo-dvorot-007

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Во дворот на Сања од битолско: „Со сопругот сами правиме декорации, во зима уживаме во стакленикот“ „Љубовта кон цвеќето ми е некако наследена од мојата мајка – како мала таа многу...
Рајското дворче на црквата „Св. Илија“ во охридското с. Велгошти е совршено за релаксација (фото) До црквата може да се стигне со автомобил по локален пат, а постојат и пешачки п...
Дворчето на Ружа во Ресен, каде царуваат хризантемите во сите бои (фото) Од виолетови до бели, хризантемите го претворија дворот на Ружа Димиџиевска од Р...

Најчитани неделава