Совети од градинарите: Кое цвеќе треба да ви се најде во домот заради мирисот?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Совети од градинарите: Кое цвеќе треба да ви се најде во домот заради мирисот?

Убавината и колоритноста која ја нудат цвеќињата го плени секого, но најпримамливо секогаш делува нивниот мирис. Ретко кој не сака да почувствува нежен мирис кој доаѓа од цвеќиња во градина или дома.

opoen-miris-vo-gradinata-ili-domot-od-najmirizlivite-cvekjinja-vo-svetot-01.jpg

По спроведената анкета помеѓу градинари од 20 држави ширум светот, одбрани се цвеќињата кои ги имаат најубавите и најинтензивните мирисни ноти помеѓу цвеќињата.

Ова се цвеќињата кои сигурно ќе ве освојат со својот мирис и можеби ќе ви помогне во изборот на цвеќе кое сакате да го одгледувате:

1. Гарденија

Ова цвеќе со бели цветови е избрано за растение со најубав мирис. Може да расте насекаде, и во ладни и во тропски предели. Мирисот најмногу се забележува кога дува ветер и врне дожд, бидејќи така се разнесува нејзиниот мирис.

Opoen-miris-vo-gradinata-ili-domot-od-najmirizlivite-cvekjinja-vo-svetot-1.jpg

2. Јасмин

Второто место му припаѓа на јасминот. Мирисот на јасмин може да се почувствува од далеку и често се користи за ароматерапија со мирисни масла.

Opoen-miris-vo-gradinata-ili-domot-od-najmirizlivite-cvekjinja-vo-svetot-2.jpg

3. Зумбул

Кај нас ова цвеќе го има во пролетните месеци и најчесто во сино-виолетова боја, а поретко го има и во бела и црвена варијанта. Освен што плени со својата убавина, има неверојатен мирис кој многумина го обожуваат.

Opoen-miris-vo-gradinata-ili-domot-od-najmirizlivite-cvekjinja-vo-svetot-3.jpg

4. Фрезија

Фрезијата е јужноафрикански цвет, а оние со ливчиња со жолта боја се најмирисни и шират нежен овошен мирис.

Opoen-miris-vo-gradinata-ili-domot-od-najmirizlivite-cvekjinja-vo-svetot-4.jpg

5. Роза

Најромантичното цвеќе е исто така и помеѓу оние со најубав мирис. Популарни се секаде низ светот и постојат во секакви големини и бои.

Opoen-miris-vo-gradinata-ili-domot-od-najmirizlivite-cvekjinja-vo-svetot-5.jpg

Е. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цвеќиња со најубав мирис за вашата градина Овие цвеќиња ќе ви помогнат покрај боја, да додадете и неодоливи мириси во вашат...
Прекрасни црни цвеќиња што ќе додадат драма во вашата градина Дали некогаш сте помислиле да додадете малку драма во вашата градина со додавање...
Креативноста на Јапонцитe: Градини ремек дела во задниот дел од камионите (фото) Цвеќе, трева, дрвца, па дури и клупи, Јапонците успеаја да прикажат дека градот ...

Најчитани неделава