4 видови собни цвеќиња кои се хит за 2019 година


4 видови собни цвеќиња кои се хит за 2019 година

Зелената боја е одмор за очите, а растенијата се тип на детали кои имаат моќ и најобичната соба да ја трансфомираат во привлечен и раскошен простор.

4-vidovi-sobni-rastenija-hit-za-2019-01.jpg

Дали сте од оние кои го имаат претворено домот во мала џунгла поради љубовта кон овие билки? Предноста е што со минимален труд, внимание и финансии ќе имате прекрасно опкружување кое нема да остане незабележано.

Ова се 4 видови собни цвеќиња кои се апсолутен хит во домовите за 2019 година:

Monstera deliciosa (cheese plant)

Со мали варијации во поглед на големината и бојата на листови, навистина лесно е да го препознаете Монстера цвеќето. Оваа крупна тропска билка во последните неколку години зазема водечко место како украсно растение во домот.

4-vidovi-sobni-rastenija-hit-za-2019 (3).jpg

Senecio (string of beads)

Ова украсно цвеќе, народски познато како „Низа бисери“ се истакнува по интересниот изглед со мали, зелени топчиња кои виреат надолу, создавајќи „зелена завеса“.

4-vidovi-sobni-rastenija-hit-za-2019 (4).jpg

Chlorophytum comosum (spider plant)

Ова е едно од украсните растенија кои одлично виреат во домашни услови. Грижата е сведена на минимум, не му е потребно многу цветлина, а расте неверојатно брзо.

4-vidovi-sobni-rastenija-hit-za-2019 (1).jpg

Sansevieria (snake plant)

Долги, исправени и неверојатно украсни листови ја красат Сансеверијата, уште позната како „индијанско перо“, или „змиско цвеќе“ кај нас. Се истакнуваат 3 различни видови и сите изгледаат прекрасно.

4-vidovi-sobni-rastenija-hit-za-2019 (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативноста на Јапонцитe: Градини ремек дела во задниот дел од камионите (фото) Цвеќе, трева, дрвца, па дури и клупи, Јапонците успеаја да прикажат дека градот ...
Совети од професионалните цвеќари: Како цвеќето во домот да ви трае до 3 пати подолго? Комбинацијата на неколку видови на цветови ќе го направи секој дом поубав и ќе м...
5 Билки кои најдобро ги бркаат комарците Ако не сакате комарците да ви ги уништат топлите летни ноќи, тогаш во градината,...