6 пролетни цвеќиња што нема да ви пречат ако сте алергични на полен

Меѓу цвеќињата што предизвикуваат најмногу проблеми се: амарантот, камилицата, хризантемите и сончогледовите цветови. Кои цвеќиња се безбедни за лицата што страдаат од пролетни алергии?

razubavete-go-prostorot-shest-proletni-cvekjinja-shto-se-bezbedni-za-licata-so-alergii-01.jpg

Доаѓа пролет, периодот од годината што е вистински кошмар за лицата што страдаат од пролетни алергии.

Многумина кои сакаат да ги уредат балконите и дворовите со цвеќиња најчесто се воздржуваат од намерата, поради тоа што стравуваат дека ќе ја влошат здравствената состојба.

razubavete-go-prostorot-shest-proletni-cvekjinja-shto-se-bezbedni-za-licata-so-alergii-02.jpg

Кивање, насолзени очи, проблеми со дишењето се вообичаени симптоми со кои се соочуваат сите оние што имаат проблеми со пролетните алергии.

Се смета дека најпроблематичен е периодот во април, кога цветаат најголем дел од дрвјата.

Дали, освен дрвјата, и цвеќињата може да предизвикаат алергии и какви цвеќиња можете да засадите доколку сакате да имате убаво уредена тераса или двор, а притоа да не стравувате дека ќе имате напад на алергија?

razubavete-go-prostorot-shest-proletni-cvekjinja-shto-se-bezbedni-za-licata-so-alergii-04.jpg

Главни виновници за пролетните алергии се поленот, влагата и прашината. Па така, ако имате проблем со алергии треба да ги избегнувате нив.

Според webmd.com меѓу цвеќињата што предизвикуваат најмногу проблеми се: амарантот, камилицата, хризантемите и сончогледовите цветови.

Постојат голем број цвеќиња што произведуваат многу малку или воопшто не произведуваат полен.

Цвеќиња кои може да ги засадите доколку вие или некој во ваша близина има проблем со пролетни алергии:

Бегонии

Станува збор за едногодишно растение кое може да се најде во розова, црвена, портокалова, бела, жолта или двобојна нијанса. Не сакаат премногу директна светлост, а произведуваат многу малку полен.

Постојат стотици различни видови бегонии, поделени во повеќе групи, но сите тие се безбедни за лицата што страдаат од пролетни алергии.

https://www.instagram.com/p/CXI8P6PoCDk/?utm_source=ig_web_copy_link

Кактус

Иако многу ретко можете да забележите кактуси со цветови, сепак треба да знаете дека и тие цветаат. Најчесто цветовите на кактусите се во бела, розова, жолта или виолетова боја.

Познато е дека тие бараат целосно да бидат изложени на сончева светлина. Сепак, кактусите се безбедни за сите лица што имаат проблеми со пролетни алергии.

Голем број кактуси имаат потреба од вкрстено оплодување од друг кактус за да произведат семе, но не зависат од ветерот за тоа (преку поленов прав и опрашување). Во тоа им помагаат инсектите и птиците.

Хортензија

Најголемиот дел од хортензиите се безбедни за лицата со алергии. Станува збор за цвеќе што може да го најдете во бела, сина, зелена, црвена, розова или виолетова нијанса.

Потребно е да бидат целосно изложени на директна светлина или во полусенка.

Петунии

Во пролет може да се забележат во розова, виолетова, жолта, црвена, портокалова и бела боја.

Сакаат директна светлина, а со оглед на тоа што испуштаат силен мирис особено кога се одгледуваат на поголеми површини, многумина сметаат дека петуниите се опасни за лицата со алергии.

Сепак, нивниот полен не се смета за алерген.

Темјанушки

Уште едно мошне застапено цвеќе кај нас што може да се најде во светла или темна виолетова нијанса, понатаму во бела, сина, жолта боја или повеќебојни.

Темјанушките сакаат директна светлина или делумна сенка. Интересно е тоа што нивниот полен е толку тежок и леплив и не може да се пренесува со ветерот.

Камелија

Ги има во бела, розова, црвена, жолта или виолетова боја. Успешно растат и во полусенка, а иако нивните цветови во голема мера потсетуваат на рози, сепак се безбедни за лицата што се чувствителни на полен и што имаат проблеми со алергии.

Камелиите во цветовите имаат и машки и женски репродуктивни oргани, поради што нивниот полен нема потреба да „патува“.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Дворче во Чучер Сандево со базен, цвеќиња и палми за совршено летно уживање (фото) Кога помислувате на летно опуштање додека сте дома, една од првите мисли сигурно...
Водич за почетници: Како да се грижите за лимоново дрво ако живеете во стан? Иако на прв поглед изгледа комплицирано, не треба да сте експерт за да се грижит...
Цвеќиња кои секогаш ги подаруваме, но не го знаеме нивното значење Секој цвет има своја симболика па со оглед на тоа каква порака сакате да пренесе...
Идеи како да го украсите балконот со сезонско цвеќе (фото) Сезонски цвеќиња убаво распоредени низ просторот... Како да го украсите балконот...
Направете сами ѓубриво за вашите билки од остатоци од храна и пијалаци - цвеќињата ќе ви благодарат Од овие остатоци од храна и пијалаци, вашите цвеќиња ќе цветаат без престан. Со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg