На гости кај Јасмина и Дејан: Стан од 70m2 во Скопје со темни тонови и совршен поглед (фото)

И јас и сопругот сме љубители на добра храна, но кујната сепак претставува простор што често го препуштам на кулинарските вештини на сопругот. Неговата храна е незаменлива.

Имаме дел каде што ги складираме пијалаците, најчесто вината што асоцираат на некој добар настан или патување.

na-gosti-kaj-jasmina-i-dejan-stan-od-70m2-vo-skopje-so-temni-tonovi-i-sovrshen-pogled-foto-08.jpeg

Детската соба… Ах, колку многу би можела да пишувам и пишувам во овој дел. Детската соба е едно мало царство што го создадовме за нашето мало девојче, простор во кој секој еден детаљ е внимателно избран и со голема љубов.

na-gosti-kaj-jasmina-i-dejan-stan-od-70m2-vo-skopje-so-temni-tonovi-i-sovrshen-pogled-foto-17.jpeg

Дневната светлина нуди посебно чувство на волшебност.

na-gosti-kaj-jasmina-i-dejan-stan-od-70m2-vo-skopje-so-temni-tonovi-i-sovrshen-pogled-foto-12.jpeg

Преовладуваат белата боја и дрвените елементи. Играчките, детските постелнини, сите останати детали се претежно во пастелни или во беж бои.

na-gosti-kaj-jasmina-i-dejan-stan-od-70m2-vo-skopje-so-temni-tonovi-i-sovrshen-pogled-foto-11.jpeg

Секое парче во домот е со свој дух на специфичност, па така и сликите на ѕидот ги насликав сама, водена од идејата да создадам уште едно квалитетно парче, а воедно и нешто од трајна вредност.

na-gosti-kaj-jasmina-i-dejan-stan-od-70m2-vo-skopje-so-temni-tonovi-i-sovrshen-pogled-foto-25.jpeg

Секојдневно наоѓам време што го поминувам со ќерка ми во нејзината соба низ игра. Всушност тоа е она што и двете нè исполнува. Значаен и омилен дел и за двете е времето пред спиење резервирано за споделување на денот и читање на бајки.

na-gosti-kaj-jasmina-i-dejan-stan-od-70m2-vo-skopje-so-temni-tonovi-i-sovrshen-pogled-foto-13.jpeg

Секој нов детаљ, што го додавам во собата на ќерка ми, е парче што ме враќа во моето детство, а тој простор е најспецифичен по својата енергија, детска игра и насмевка. Се трудевме да создадеме простор во кој нашата ќерка ќе се чувствува како во бајка.

И успеавме и сега, а и понатаму во животот да ѝ понудиме место кое за неа ќе асоцира на дом, љубов, топлина и безбедност во сопственото мало кралство.

na-gosti-kaj-jasmina-i-dejan-stan-od-70m2-vo-skopje-so-temni-tonovi-i-sovrshen-pogled-foto-28.jpeg

Спалната соба е простор за одмор, книга после напорен ден, изолирана од уреди и екрани. 

na-gosti-kaj-jasmina-i-dejan-stan-od-70m2-vo-skopje-so-temni-tonovi-i-sovrshen-pogled-foto-07.jpeg

Плакарот е во состав на спалната соба, а местото кое за мене нуди спокој после работен ден е удобната столица покрај него што воедно носталгично ме навраќа на ноќите кога со ќерка ми тука заспивавме.

na-gosti-kaj-jasmina-i-dejan-stan-od-70m2-vo-skopje-so-temni-tonovi-i-sovrshen-pogled-foto-27.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Ангела во Скопје: Стан од 67m2 во Тафталиџе со совршена детска соба и тераса како мала ... „Кога ја уредував кујната, целта ми беше да биде светла, функционална и лесна за...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...

Најчитани неделава