Во дворот од 200m2 на Бранко во Вевчани: „Мајка ми се грижи за садниците, сама прави вазни од цемент и држачи за цвеќе од пелети“
Инаку, во еден дел од дворот има и садници, за кои, исто така се грижи мајка ми.
Сади компири, пипер, домати, краставици, пченка, грав, грашок, морков, буквално сè.
А потоа, цела зима, јадеме од домашниот род.


Во рамки на овоштарникот имаме јаболка, круши и еден лешник, една цреша.
Јас и зет ми се грижиме за нив кога одиме таму, но сепак, мајка ми е задолжена за најголемите обврски и околу овоштарникот, зашто таа живее во куќата во Вевчани, и 90% од целата заслуга е нејзина.


Во еден дел од дворот има поставено скара и таму ми стои сачот под кој печам јагнешко, пити, правам вевчанско ѓомлезе.


Од дворот се гледаат Охридското Езеро и охридско-струшката околија.
Нашата куќа е претпоследната во селото кога движиш кон излетничкото место Јанков Камен, за накај црквата Горни Свети Спас и ние сме опколени во целосно зеленило од сите страни“.


Повеќе фотографии во продолжение:



