На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како нашите баби некогаш

Она што исто така го правам често, што и на фотографиите може да се забележи е дека ги ротирам работите во домот.
Трпезариската маса, масата на децата, табуретката, дифузорот, цвеќето...

Во принцип на секои три месеци ротирам поради тоа што сакам промени, но не сакам промени со нови работи и предмети, туку сакам со мала промена да добијам нова перспектива и со тоа нов проток на енергија.
Колку и можеби ова да звучи како безначајна промена, навистина секогаш функционира баш во таа мера колку што треба.

Прво кога ќе видам сончев ден, особено овој период, е да извадам сѐ надвор да се пече на сонце.
Перници, постелнина, ќебиња, декоративни перници од децата, плишените играчки, дури и душекот за спиење го вадам (ретко ама да) поради тоа што единствено сонцето може да ги убие грините што живеат во него.

Го практикувам методот на дом со помалку токсини и токсичното оптоварување во нашиот дом е минимален, па можам слободно да кажам дека и нема.

Чистам како што чистеле нашите баби со сода и оцет, си правам сама билен чистач, и користам природно средство за сите површини. За освежување и прочистување на воздухот имам етерични масла и дифузор“.
Повеќе фотографии од Данче:
Прочитајте и Данче Серафимова: „Синот Костадин го изгубив по 26 дена живот, поради голтање заматена плодова вода и срцеви проблеми“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
