На гости кај Александра и Стефан: Модерен стан во Скопје е како сцена од новогодишна бајка (фото)
Трпезата секогаш е декорирана складно со новогодишниот амбиент, а мојата пасија се декоративните салфетки, кои во нашиот дом ги има во изобилие.

Со посебно внимание ја декорирам трпезата за Бадник, која ми е омилена и секоја година со нетрпение ја очекувам.


Неизбежен дел во овој период се и подароците за нашите најмили, па со радост ги подготвуваме и нив. Внимателно одбрани, со многу љубов спакувани.


Сè да биде шарено и блескаво.

Домот е место во кое со радост се враќаме по завршените работни обврски и вечерта е наша. Време, посветено само на нас двајца, дел од денот во кој најмногу уживаме.

Домот е прибежиште од сè она надвор, кое го живееме во брзо темпо и со полна пареа.


Па затоа, поминатото време со семејството е драгоцено!“
