На гости кај Тоше во струшко Вишни: Реновирана викендичка од 1926-та со рајско дворче, во село со 20 жители
Сите сме сведоци на 2020 година кога фати корона вирусот и кога државите одлучија дека мора да има рестрикции во движење, па и карантини неколкудневни.

Ние живееме во стан во Струга, па дома со сопругата се договориме - ајде да не сме затворени во стан, да одиме викендот за првиот карантин во Вишни и така останавме 7 месеци.



Така и почнавме со средување на дворот, дел по дел за да го направиме едно убаво место, адаптирано да може да се живее и да се ужива во дворот на чист воздух.

Сега сме многу често таму, скоро секој викенд и за летен и зимски распуст на децата.

Во пролет е најубаво, ама тогаш има и највеќе работа за да се одржува дворот, да се коси тревата, да се посади нешто во бавчата“.

