Во домот на Ивана и Миро Кацаров: Стан од 120m2 во Пржино, со камин и црвен фрижидер (фото)
- Детали
- сабота, 11 април 2026
„Спалната е удобна и мирна, со мек кревет, нежно осветлување и едноставни детали што создаваат чувство на релаксација и домашна топлина“, вели за CRNOBELO.com Ивана Кацаров.

Водителот Миро Кацаров, и неговата сопруга, поранешната одбојкарка, Ивана Кацаров, пред неколку месеци се преселија во нов стан во скопската населбата Пржино.

Тие го уредија станот по свој вкус, брзо пред раѓањето на нивниот син Тадеј.

Детската соба, пак, е декорирана по желба на ќерката Миа.

Домот на Миро и Ивана е одраз на нивниот карактер, со многу детали и впечатливи украси, камин, црвен фрижидер, необични лустери и многу цвеќе - и свежо и саксиско.

За уредувањето на нивниот дом, Ивана раскажа детали за CRNOBELO.com:
„Станот се наоѓа во општина Кисела Вода, поточно во населбата Пржино.

Имаме 120 квадрати што освојуваат на прв поглед.

Преку прозорците од мирното Пржино погледот се простира кон живото срце на Скопје, а магичното зеленило на Водно ни е во позадина.

Ова е совршен спој на урбана енергија и природен мир.

Станот е модерен и софистициран дом со внимателно избрани детали и комбинација од темни елементи, топли текстури и минималистички дизајн.

Кујната и трпезаријата се совршено поврзани во функционален и естетски простор, збогатен со декоративни акценти и природна свежина.

Целиот ентериер зрачи со елеганција и удобност, создавајќи идеално место за секојдневно уживање.

Дизајниран е со помош на архитект Бранкица Андонова која нашата идеја ја претвори во реализација.

Спалната е удобна и мирна, со мек кревет, нежно осветлување и едноставни детали што создаваат чувство на релаксација и домашна топлина.

Имаме и стилски уреден агол со огледало и внимателно избрани детали.

Мој омилен дел за пиење кафе е дефинитивно дневната соба.

