Палатата на Мараја Кери на продажба, сега бара нешто полуксузно

Мараја Кери и Ник Кенон неодамна ја продадоа својата луксузна вила во Бел Ер во Лос Анџелес за 10 милиони долари, а сега планираат да се преселат во Њујорк.

palatata-na-maraja-keri-na-prodazba-sega-bara-nesto-poluksuzno-01.jpg

Мараја Кери и нејзиниот сопруг оваа луксузна вила ја ставија на продажба уште на почетокот на годинава, а од продажбата заработија 3 милиони долари.

Оваа палата располага со 4.000 метри квадратни, 7 спални соби и 9 бањи.

До куќата се стигнува по мермерни плочки, а во внатрешноста има сала за конференции и свечени настани, домашно кино, терен за кошарка, студио и теретана.

Надвор се наоѓа еден голем базен, терен за голф и паркинг место за повеќе од 20 автомобили.

Би можело да ве интересира:

Ресторан во близина на Крива Паланка, со езерце на 1km од него, е совршен за викенд бегство (фото)  Од вкусни пити до скара, таму ќе уживате во наши традиционални рецепти, ср...
На гости кај балетаните Христина и Мирослав – куќа во Скопје од 100m2, со камин и функционално уреду... „Иако сме балетски пар по професија, речиси сè во домот направивме сами, идеите ...

Најчитани неделава