Неверојатниот луксузен аеродром во Сингапур (фото)

Аеродромот Changi во Сингапур е прогласен за најдобар аеродром во светот. Наскоро ќе биде уште подобар, благодарение на т.н. „Lifestyle destinations“ техника која треба да поврзе три терминали на овој комплекс.

dzirnete-vo-najdobriot-aerodrom-vo-svetot-02.jpg

Станува збор за проектот „Јewel“ кој треба да го прошири овој комплекс со градини, продавници и хотелски комплекс.

Дизајниран е од страна на архитектот Моше Сафдиј кој го има проектирано хотелскиот комплекс „Marina Bay Sands“.

Комплексот „Jewel“  ќе биде изграден од челик и стакло, а ќе има облик на крофна.

Тематски ќе биде уреден на пет реони и ќе се простира на повеќе од 130.000 метри квадратни.

Реконструкцијата чини 1.47 милијарди долари и ќе биде завршена до 2018. година.

Погледнете како изгледа моментално најдобриот аеродром во светот:

Би можело да ве интересира:

Најубавите железнички станици во светот - ќе посакате веднаш да седнете во воз и да тргнете на патув... Дали некогаш сте виделе железничка станица која ќе ве врати е неколку века назад...
Во велигденскиот дом на Драгана во Скопје - Јајца со декупаж техника и украси во пастелни бои (фото) „Како дете секогаш со нетрпение учествував во велигденското украсување, а денес,...

Најчитани неделава