Париско поткровје: Топол минимализам со француски нагласок

Ова софистицирано уредено поткровје сместено е на Passage Charles Dallery, а за неговиот изглед заслужен е Régis Larroque. Иако неговата реконструкција е завршена уште во 2006-тата година, со својот безвременски изглед сè уште изгледа привлечно.

parisko-potkrovje-topol-minimalizam-so-francuski-naglasok-01.jpg

Régis Larroque е еден од најбараните дизајнери во Париз, а познат е по тоа што дизајнира ентериер на голем број на салони и продавници на престижните модни куќи во Париз како што се Hermes и Nina Ricci.

Со своите иновативни решенија тој успеал од овој простор да направи вистинско мало совршенство во кое секој би посакал да живее.

Камен мијалник, колаж од портрети направени во 19-иот век и уште многу детали прават овој стан да изгледа романтично и софистицирано.

Мебелот во главно е составен од кожни материјали кои се комбинирани со камени елементи како што се централниот камин и полираниот камен под.

Белите кружни светла се одлична завршница на целиот ентериер.

 

Би можело да ве интересира:

Најубавите железнички станици во светот - ќе посакате веднаш да седнете во воз и да тргнете на патув... Дали некогаш сте виделе железничка станица која ќе ве врати е неколку века назад...
Како изгледаат новогодишно украсените домови на познатите Македонци? (прв дел) Маја Кикириткова им дозволи на децата сами да китат, па потоа ја преуреди елката...
Кул кафуле со црвен ентериер и париски шмек во центарот на Скопје (фото) Во центарот на Скопје има мал урбан локал, обоен во црвено, кој е вистински инст...

Најчитани неделава