Во духот на морето: Елегантна вила на Хвар
- Детали
- четврток, 13 јули 2017
Иако оваа вила нема поглед на море, сепак е сместена на одлична локација – во една од уличките во стариот дел на островот Хвар во Хрватска.

Вилата е првично изградена дури во 15 век, а оваа година беше целосно реновирана. Изградена е од камен, со типичен медитерански стил на уредување.
Инспирација за боите е островот Хвар – камените улички во нијанси на беж, морето во бели и сини тонови и виолетовата лаванда која тука ја има во изобилие.
Внатре е зачуван винтиџ стилот, со многу рачно изработени детали и минималистички мебел.
Погледнете како изгледа оваа вила за совршени летни мигови:
М. В. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Домот на Нина Бадриќ на Хвар е како од бајка - Рустична камена куќа со тиркизни детали и медитеранск...
Однадвор сè е изработено од камен и во рустичен стил, а внатре доминира медитера...