Хедонизам на ниво: Вечера во Диоклецијановата палата во Сплит

Замислете си вкусно гастрономско уживање во опуштен амбиент на прекрасна историска градба, блиску до Јадранското Море.

hedonizam-na-nivo-vechera-vo-dioklecijanovata-palata-vo-split-01.jpg

Новоотворениот ресторан „ЗОИ“ го нуди токму тоа. Сместен во просторот на јужниот ѕид на познатата Диоклецијанова палата во Сплит, овој ресторан е создаден за вистински хедонисти.

Менито нуди врвни специјалитети придружени со прекрасни хрватски вина. Далматинската страст и духот на Медитеранот се присутни како во храната, така и во уредувањето. Просторот претставува одлично дизајнерско место со модерни детали.  

Самата палата е изградена во Римски стил на архитектура, а ресторанот го надополнува овој изглед со современи парчиња мебел и интересни детали. Терасата нуди прекрасен поглед кон преубавиот Сплит, а дополнително уживање претставува близината на Јадранското Море.

Погледнете ги фотографиите од овој одличен ресторан создаден за вистинско уживање:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во велигденскиот дом на Драгана во Скопје - Јајца со декупаж техника и украси во пастелни бои (фото) „Како дете секогаш со нетрпение учествував во велигденското украсување, а денес,...
Во дворот од 200m2 на Бранко во Вевчани: „Мајка ми се грижи за садниците, сама прави вазни од цемент... „Од дворот се гледа Охридското Езеро. Во еден дел има садници за кои се гри...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...
Празнична бајка: Тура низ новогодишно украсени локали во Македонија (фото) Мексикански ресторан во Неготино е украсен како да сте во селото на Дедо Мраз, ...
Марија-Магдалена од Битола, самохрана мајка, урна стара куќа на село и крена нова од темел: „Ми треб... „Има мајстори кои те потценуваат зашто си жена. Ти објаснуваат како „треба“...
Eтно ресторан во природа, на 55km од Скопје - со чергички, традиционални пити и летниковци (фото) Да си седнете на чергичка, па да си каснете слатко од јаготки, откако претходно ...

Најчитани неделава