Како изгледаат новите канцеларии на Вип? (фото+видео)

Новите деловни простории во строгиот центар на Скопје се дизајнирани да обезбедат највисока агилност во  работењето и најдобар работен ден за сите вработени.

kako-izgledaat-novite-kancelarii-na-vip-foto-video-04.jpg

Скопје, 20 септември 2018 - Телекомуникацискката компанија Вип и официјално ги отвори вратите од новата управна зграда. Лоцирана во центарот на Скопје, на Плоштадот “Пресвета Богородица”, новата деловна зграда  на Вип има 8 ката и располага со 8400 м2 корисен работен простор за повеќе од 830 вработени.

kako-izgledaat-novite-kancelarii-na-vip-foto-video-01.jpg

Новата деловна зграда на Вип е конципирана во согласност со последните трендови за уредување на деловните простории и користење на напредна технологија, односно е уредена според т.н. агилен принцип на работење кој се базира на физичка функционалност, но и на севкупната филозофијата за поттикнување на агилноста како појдовна точка во креирање на високо ниво на задоволство на вработените, а следствено на тоа, пресретнување на потребите на корисниците и осигурување на супериорно корисничко искуство.

kako-izgledaat-novite-kancelarii-na-vip-foto-video-11.jpg

 „Одлуката да се вселиме во нова деловна зграда дојде природно, како логичен редослед со кој го следиме растот на компанијата од една страна, но уште повеќе, да им обезбедуваме на нашите вработени работна средина која ќе придонесе кон зголемување на нивната ефикасност и флексибилност, унапредување на тимската работа, подобрување на транспарентноста во работењето и полесна комуникација. Новите простории во целост ја поддржуваат нашата корпоративна култура и постулатите врз кои таа се заснова – тим, агилност и доверба, кои во комбинација со напредните дигитални решенија,  гарантираат ултра модерни услови за работа за сите постојни, но и идни вработени. Новите деловни простории се еден убав почеток и стимул за пресретнување на сите предизвици кои во иднина, заедно со нашите вработени ќе ги совладуваме“ – изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.

kako-izgledaat-novite-kancelarii-na-vip-foto-video-05.jpg

Во новата зграда на Вип за формалните и деловни средби, на располагање за вработените се повеќе од 40 поголеми и помали дигитализирани сали за состаноци, како и простории за видео и теле конференции опремени со врвна технологија.

kako-izgledaat-novite-kancelarii-na-vip-foto-video-02.jpg

За неформалните средби, на вработените им се достапни повеќе отворени позиции, т.е. „фокус соби“ кои се наменети за кратки и брзи состаноци, а пак за дружење и релаксација, новите простории располагаат со кујни на секој од катовите, соба за релаксација, како и кантина.

kako-izgledaat-novite-kancelarii-na-vip-foto-video-06.jpg

Во рамките на новиот простор е сместен мултимедијален и мултифункционален центар, со доволен капацитет да излезе во пресрет на потребите на компанијата за директна комуникација со вработените, или пак медиумите, а во насока на промовирање на транспарентноста и отвореноста на компанијата за соработка со сите засегнати страни.

kako-izgledaat-novite-kancelarii-na-vip-foto-video-07.jpg

Концептот на „агилна организација“, инаку, подразбира култура на однесување и работење која има за цел да ја зголеми продуктивноста и транспарентноста на компанијата, и тоа од секој аспект на деловното работење.

kako-izgledaat-novite-kancelarii-na-vip-foto-video-03.jpg

Тоа подразбира поддржување на поголема флексибилност во работењето, создавање отворена работна средина без прегради и ограничувања, вклучително и за топ менаџментот, поттикнување поголема мобилност на вработените и што повеќе можности за тимска работа.

kako-izgledaat-novite-kancelarii-na-vip-foto-video-08.jpg

Во насока на поддршка на младите ентузијасти и креативци, Вип ги отстапи внатрешните ѕидови на секој кат, на неколку графити артисти кои ја поттикнуваат креативноста и позитивното расположение на вработените. Со ова Вип дополнително го потенцира невообичаениот пристап кој им го нуди на своите вработени.

kako-izgledaat-novite-kancelarii-na-vip-foto-video-09.jpg

Погледнете како изгледаат новите канцеларии на Вип на видеото подолу:

Повеќе информации за Вип можат да се најдат на www.vip.mk 

Би можело да ве интересира:

Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
„Култура“ е нов урбан локал во Скопје - со тепихот од баба, миље, плочи и кул написи на кирилица Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопј...
На гости кај Драгана и Михаил: Есенски декориран стан во Скопје, каде мебелот е изработен од Михаил ... „Домот ми е исклучително важен, бидејќи најголемиот дел од времето го поминувам ...
На гости кај Александра и Стефан: Модерен стан во Скопје е како сцена од новогодишна бајка (фото) „Убедливо тврдам дека нема поубав период во годината од овој. За време на празни...

Најчитани неделава