На гости кај Маја Гугоска: Совршено уредена тераса во семејна куќа во Охрид (фото)

Во лето ја уредува терасата во бохо стил, а во зима терасата на Маја е како сцена од божиќна бајка со многу сијалички.

na-gosti-kaj-maja-gugoska-sovrsheno-uredena-terasa-vo-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-01.jpg

Маја Гугоска (36) од Охрид е сопруга и мајка на две деца. Таа дефинитивно има една од најсимпатично уредените тераси во Македонија.

Секој детаљ е внимателно избран и сѐ e на свое место. Maлиот простор е одлично искористен.

Околу инспирацијата за уредувањето проговоривме со неа:

„Мојата сегашна професија е тотална спротивност на љубовта кон уредувањето и изработувањето на креативни украси. Работам како администратор во приватна фирма за хидраулика.

na-gosti-kaj-maja-gugoska-sovrsheno-uredena-terasa-vo-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-17.jpg

Отсекогаш сум сакала убаво уредени домови и дворови. Обожавам зеленило, цвеќиња, особено кактуси од кои мала колекција ми е и на терасата.

Живееме во семејна куќа на поткровје и токму таму е терасата.

na-gosti-kaj-maja-gugoska-sovrsheno-uredena-terasa-vo-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-09.jpg

Во недостиг на двор, одлучив малечката таванска тераса да ја уредам за уживање. Не е простор кој не се користи во зима, напротив отворена е секоја сезона, а можеби најмногу доаѓа до израз баш за Божиќните празници со сета таа магија со сијалички и украси.

na-gosti-kaj-maja-gugoska-sovrsheno-uredena-terasa-vo-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-04.jpg

Често сакам да си играм, да разместувам, да додавам разни DIY’s инспирирана од Pinterest или едноставно  ќе ми „светнe“ некоја идеја.

na-gosti-kaj-maja-gugoska-sovrsheno-uredena-terasa-vo-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-05.jpg

Секоја сезона има различни детали, од перничиња, украси, цвеќиња, моите DIY изработки, но мислам дека би ја издвоила летната сезона со бохо изгледот на мојата тераса како омилена.

na-gosti-kaj-maja-gugoska-sovrsheno-uredena-terasa-vo-semejna-kukja-vo-ohrid-foto-13.jpg

Продолжува на следната страна....



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...
На гости кај Никола: Стан во Скопје со Halloween украси, „направи сам“ камин и многу цвеќиња (фото) „Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg