Во домот на Ангела Бебекоска: Стан во Тафталиџе обоен во сиво, сино и жолто (фото)


Во домот на Ангела Бебекоска: Стан во Тафталиџе обоен во сиво, сино и жолто (фото)

Ангела Бебекоска (24) која од Вевчани се преселила во Скопје вели дека обожава двор, па затоа нејзината тераса ја претворила во мала рајска градина со цвеќе.

vo-domot-na-angela-bebekoska-stan-vo-taftalidje-oboen-vo-sivo-sino-i-zholto-foto-01.jpg

Ангела Бебекоска (24) од Вевчани e студент на Факултетот за туризам и угостителство.

Таа е преселена во Скопје поради студии веќе 5 години, а и останала да живее во Скопје со нејзиниот свршеник.

Нивниот стан се наоѓа во населбата Тафталиџе, има 67. 5 метри квадратни и таа го обожава затоа што е на јужна страна и цел ден изобилува со светлина.

vo-domot-na-angela-bebekoska-stan-vo-taftalidje-oboen-vo-sivo-sino-i-zholto-foto-11.jpg

Проговоривме со неа за уредувањето на нејзиниот дом:

„Идејата за уредување на домот ја црпев од профилите на Инстаграм и Пинтерест.

vo-domot-na-angela-bebekoska-stan-vo-taftalidje-oboen-vo-sivo-sino-i-zholto-foto-18.jpg

Кога станува збор за уредување на домот сакам да биде уреден по вкус и секој детаљ да се вклопува со целокупниот ентериер. Всушност, домот нè претставува нас.

vo-domot-na-angela-bebekoska-stan-vo-taftalidje-oboen-vo-sivo-sino-i-zholto-foto-01.jpg

Уживам во дневната соба, која изобилува со светли бои што прават да се чувствувам релаксирано и одморено, благодарение на дневната светлина која ја имаме преку целиот ден.

vo-domot-na-angela-bebekoska-stan-vo-taftalidje-oboen-vo-sivo-sino-i-zholto-foto-03.jpg

Омилен дел од денот ми се утрата кои најчесто ги поминувам во спалната соба со добра книга и секако добро направено кафе.

vo-domot-na-angela-bebekoska-stan-vo-taftalidje-oboen-vo-sivo-sino-i-zholto-foto-02.jpg

vo-domot-na-angela-bebekoska-stan-vo-taftalidje-oboen-vo-sivo-sino-i-zholto-foto-15.jpg

За време на празниците и различните годишни времиња најчесто ги менувам вазните, перниците и некои одредени детали.

vo-domot-na-angela-bebekoska-stan-vo-taftalidje-oboen-vo-sivo-sino-i-zholto-foto-03.jpg

Омилено декорирање ми е за време на божиќните и новогодишните празници.

vo-domot-na-angela-bebekoska-stan-vo-taftalidje-oboen-vo-sivo-sino-i-zholto-foto-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Даниела во Германија: Одлично уредена занимална за нејзините 3 дечиња (фото) „Во занималната кај нас преовладува едно шаренило од бои, слободата во играта и ...
На гости кај Ива од Битола: Розов дом во Барби стил (фото) Ива, која работи како судија – поротник при Апелационен суд Битола, смета дека д...
Сиво-жолта хармонија: Во домот на Ивана од Скопје (фото) Впечатлива жолта фотелја, лустер со геометриски дизајн, кали, слики на ѕидовите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg