Како сцена од бајка: Вистинска новогодишна магија во стан во Скопје (фото)

Стилизирам во различни височини за да создадам движење и возбуда. Салфетките се поставуваат лесно во триаголник над садовите со мала златна топка, како убав украсен елемент. Чаршафот за масата е во бела боја со испакнати дезени од самиот материјал што создава убав контраст на останатите детали златни, зелени. Чаршафот ми е на списокот за омилени детали.

Измешајте различни предмети и текстури за да создадете живот. На пример, груб ленен чаршаф за маса против сјаен сад, прибор за јадење.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-05.jpg

Јас всушност ја сакам природата и преферирам природна елка и природни зелени гранки., но секако одличен совет е да се користат вештачки зимзелени гранки, венци и растенија како украс.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-13.jpg

Загрејте го скандинавскиот стил додавајќи свеќи, лед светла, лампиони или светлосни сијалички за да создадете пријатна атмосфера за стилизирање.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-06.jpg

Исто така, големо значење има и каминот во студените денови, тоа е место каде што се опуштам максимално. Оваа година акцент дадов на венецот изработен од природно зеленило со шишарки, а секако тука се и ѕвездите во различни големини, коишто одлично ја надополнуваат сликата крај распламтениот камин.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-03.jpg

Упатство како да создадете модерен и рустикален стил:

  • Елементи од природата како што се зимската зелена боја, шишарки, гранчиња, анасон, мов и дрво.
  • Користете бои како што се зелена, бела, беж, и златна боја.
  • Меки ткаенини како што се кожа, ќебиња, перници, постелнина.
  • Златни детали во месинг.
  • Свеќи, ЛЕД светла, фенери или светлосни ланци за да создадете топлина и атмосфера.
  • Закачете гранка од таванот како прекрасен украсен елемент и на неа додадете лампиони, колачиња, зеленило како и сијалички, но секако да не ги заборавиме и ѕвездите, така создавате волшебна атмосфера.
  • Бидејќи сум еден од оние кои започнаа рано со новогодишниот и божиќниот стил, сакам да започнам со неутрален стил, а потоа да додадам некои црвени детали поблизу до Бадник, за да создадам дополнителна божиќна атмосфера.
  • Украсете шкафче или кујнска маса со новогодишни украси.

Повеќе фотки од домот на Боро:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
„Култура“ е нов урбан локал во Скопје - со тепихот од баба, миље, плочи и кул написи на кирилица Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопј...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...

Најчитани неделава