Како сцена од бајка: Вистинска новогодишна магија во стан во Скопје (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
ГЕОДЕТ 12-05-2021
Kelner/ka 11-05-2021


Како сцена од бајка: Вистинска новогодишна магија во стан во Скопје (фото)

„Избрав да одам на модерен-рустикален стил. Боите што ги користев се неутрални и совршено се вклопуваат со другите бои во мојот дом. Користев зелена, бела, беж, златна и црна боја кои заедно создаваат прекрасен и модерен изглед, а најмногу користев ѕвезди за празничен амбиент“, открива Боро.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-01.jpg

Боро Секуловски од Скопје е познат како вљубеник во уредувањето на домот, а секоја сезона тој тематски го краси.

Така, по есенските декорации, сега се префрли на новогодишните. Неговиот дом периодов изгледа како сцена од бајка.

Боро за CRNOBELO споделува трикови за совршено новогодишно украсен дом:

„Нова година и Божиќ се приближуваат, а декорирањето за овој период од годината ми е една од омилените работи. Ја сакам прекрасната атмосфера што се создава, прекрасните мириси и новогодишната атмосфера.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-02.jpg

Сите сè уште можеби не сте навлегле целосно во новогодишното расположение, и сметате дека може да биде малку тешко да се започне со декорации, па јас сакам да ве инспирирам околу тоа.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-10.jpg

Тука, како и на мојот Инстаграм профил @boro.kosa ќе споделам многу совети како да го подготвите домот во духот на празниците што ни следуваат.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-04.jpg

Користете ѕвезди за празничен амбиент... Ѕвездите ги има насекаде кај нас, во трпезаријата, во дневната соба, во кујната, како и во спалната соба.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-07.jpg

Украсете мала маса или количка со примамливи пијалаци, десерти, печива или новогодишни украси.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-12.jpg

Новогодишните и божиќните перници не мора да се со Дедо Мраз или други традиционални новогодишни мотиви. Јас користев прекрасни минималистички перници кои асоцираат на овие празници, а не се со Дедо Мраз иако се едноставни во дизајнот, тие се многу украсни и добивате прекрасна божиќна атмосфера.

Перниците и белото плетено ќебе ми се фаворит мене и веќе имаат трајно место на софата.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-09.jpg

Направете убава новогодишна трпеза во модерен стил. Оваа година на трпезариската маса доминира златната круна свеќник, кој го одвлекува целосно вниманието.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-11.jpg

Ги повторив сите бои од дневната соба и во трпезаријата. Ја украсив масата едноставно таму каде што симетрично се поставуваат садовите и прибор за јадење додека декорот е поставен заедно во средината на масата, тоа создава почист и поедноставен израз. 

Повторувајќи бои и форми, создадов рамнотежа и убава целина.

kako-scena-od-bajka-vistinska-novogodishna-magija-vo-stan-vo-skopje-foto-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Новогодишна идила: Совршено украсен комплекс во близина на Охрид (фото) Со тон сијалички и украси, овој локал ќе ја разбуди во вас детската радост за пр...
На гости кај Ива од Битола: Розов дом во Барби стил (фото) Ива, која работи како судија – поротник при Апелационен суд Битола, смета дека д...
На гости кај Наташа: Семејна куќа во Битола со детали во силни бои (фото) „Бидејќи бев сигурна дека сакам сѐ во мојот дом да биде во црно-бела боја за да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg