„Уредуваме скандинавски, а и така живееме“: Во домот на Боро Секуловски од Скопје (фото)


„Уредуваме скандинавски, а и така живееме“: Во домот на Боро Секуловски од Скопје (фото)

Познат е како Боро КОСА, а неговото главно мото е од малку и просечно да направи многу и одлично и тоа дефинитивно му оди од рака, особено во уредувањето на неговиот дом. Ајде да ѕирнеме како изгледа неговиот стилски стан во Ново Лисиче…

ureduvame-skandinavski-a-i-taka-zhiveeme-vo-stilskiot-dom-na-boro-sekulovski-od-skopje-foto-01.jpg

Боро Секуловски има 40 години и вели дека го обожава Скопје затоа што тоа е градот кадешто е роден, живее и работи. Неговиот дом се наоѓа во населбата Ново Лисиче.

За својата професија вели:

„Пред 15 години работев во различни компании, но откако заедно со сопругата го основавме фризерското студио КОСА, кое успешно работи веќе 15 години, тука се пронајдов… И да, не сум фризер, во студиото го работам делот за PR, каде секојдневно се сретнувам со нови и интересни предизвици и комуникации со клиентите кои го посетуваат нашето студио. Едноставно секоја работа која се работи со љубов, не може да биде здодевна.“

ureduvame-skandinavski-a-i-taka-zhiveeme-vo-stilskiot-dom-na-boro-sekulovski-od-skopje-foto-02.jpg

За уредувањето на својот стилски дом за CRNOBELO.com открива:

„Покрај студиото, во животот ме исполнуваат убаво уредени домови,исто како што ме исполнува и домот во кој живеам, каде секојдневно добивам инспирација што да се промени. Сè што е поврзано со уредување, мода и храна ме исполнува,а и на мојот Инстаграм профил @boro.kosa ќе забележите најмногу фотографии од домашно уредување, храна и мода.

Ќе се повторам со една реченица, којашто е и мое мото, а тоа е дека УСПЕВАМ ОД МАЛКУ И ПРОСЕЧНО, ДА НАПРАВАМ МНОГУ И ОДЛИЧНО.

ureduvame-skandinavski-a-i-taka-zhiveeme-vo-stilskiot-dom-na-boro-sekulovski-od-skopje-foto-03.jpg

За идеите во уредувањето ќе кажам дека повеќето се мој личен печат, како и на мојата сопруга … Секој дом според мене треба да го отсликува карактерот на луѓето кои живеат во него.

ureduvame-skandinavski-a-i-taka-zhiveeme-vo-stilskiot-dom-na-boro-sekulovski-od-skopje-foto-04.jpg

Во нашиот дом можат да се забележат многу фенери и свеќници кој даваат пријатен амбиент, релаксирачка атмосфера и мир во душата. 

Ние сме луѓе кој сакаат да го живеат, а и го живееме, скандинавскиот HYGGE начин на живот, каде покрај фенерите и многуте свеќници во домот преовладуваат удобни декоративни перници и ќебиња.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Kуќичка со галерија: Совршен мини дом за млад пар Подгответе се да бидете воодушевени! Со површина од само 33 метри квадратни, ова...
Дом што зрачи со смиреност: На гости кај Магдалена Костовска од Скопје (фото) Доминација на белата боја, многу цвеќе и давање „нов живот“ на стари парчиња меб...
Споредба: Која од сестрите Џенер има полуксузен дом? Кајли неодамна купи нов дом во Калифорнија вреден околу $6 милиони долари, додек...

Најчитани неделава