Уникатен хотел во Шпанија: Престој во соба со стаклени ѕидови (фото)

Ако сакате да бидете едно со природата, тогаш овој хотел е совршен за тоа. Дозволете си една виртуелна прошетка...

unikaten-hotel-vo-shpanija-prestoj-vo-soba-so-stakleni-dzidovi-foto-01.jpg

Уникатниот хотел „Les Cols Pavellons“ се наоѓа во Жирона, Шпанија. Таму може да имате незаборавен престој на стар имот во една од 5-те соби, чии ѕидови се од стакло.

Тие се декорирани на начин што ќе ви дозволат комплетна релаксација, а имате и приватен тоалет, плус приватна јапонска бања.

Креветите исто така се во јапонски стил, а вие ќе може да се храните со тазе набрани продукти од нивната градина.

Целта на архитектите била со помош на стаклото да се поврзете со природата, односно да се чувствувате како дел од неа. Начинот на кој се изработени стаклените ѕидови не дозволува луѓето од надвор да ве гледаат вас, но вие пак можете да уживате во глетката.

Интересно е што дури и подовите се стаклени.

Отпатувајте на миг во овој уникатен хотел, барем преку фотографии:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
„Култура“ е нов урбан локал во Скопје - со тепихот од баба, миље, плочи и кул написи на кирилица Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопј...
Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...

Најчитани неделава