Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


11 карактеристики по кои домовите на Италијанците се разликуваат од останатите домови во светот

Фрески на ѕидовите, осветлување на неколку нивоа, керамички чинии кои се пренесуваат од колено на колено - што ги прави домовите на Италијанците уникатни?

11-karakteristiki-po-koi-domovite-na-italijancite-se-razlikuvaat-od-ostanatite-vo-svetot-01.jpg

Кога станува збор за уредувањето на домот, еден од најпопуларните стилови во светот е шведскиот минимализам.

Но, постојат луѓе кои не уживаат во полупразниот простор со основни бои, туку преферираат детали, микс од стилови, необичен мебел.

А токму таков е италијанскиот стил за уредување ентериери. Тој не опфаќа само свеќи на масите и црвено-бели чаршави како во рестораните со долга традиција, туку е многу повеќе од тоа.

Ова се 11 работи кои се карактеристични за домовите на луѓето во Италија, а некои од нив може ќе ве инспирираат и вас при уредувањето на вашиот дом.

По што се разликуваат италијанските домови од оние од остатокот од светот?

Неутрални бои на ѕидовите (кога не сакаат да се бели)

Години наназад луѓето се решаваат да бојосаат еден ѕид (или една соба) во домот во силна боја - црвена, зелена, црна.

Но, кога Италијанците не сакаат домот да им е во бела боја, избираат неутрални нијанси - беж, светло сива, дури и нијанса на банана.

Тајната е во тоа што поради овие неутрални бои, тие можат лесно да ги комбинираат боите на мебелот и деталите во просторијата да стават парчиња во неколку различни нијанси кои одлично ќе се вклопат едни со други.

11-karakteristiki-po-koi-domovite-na-italijancite-se-razlikuvaat-od-ostanatite-vo-svetot-08.jpg

Микс од класично и модерно

Понекогаш, кога ќе влезете во некои италијански дом, ќе сфатите дека „едно не оди со друго“ односно дека се застапени и класични парчиња и антиквитети, но и модерни елементи, кои немаат никаков спој.

А сепак, токму тоа е она што го карактеризира италијанскиот стил на уредување домови.

11-karakteristiki-po-koi-domovite-na-italijancite-se-razlikuvaat-od-ostanatite-vo-svetot-05.jpg

Фрески на ѕидовите

Тука не станува збор за икони или уметнички дела, туку за ѕидови на кои се исцртани копии од славните ренесансни уметнички дела.

Овие фрески може да го покриваат и цел ѕид, а не само негов дел.

11-karakteristiki-po-koi-domovite-na-italijancite-se-razlikuvaat-od-ostanatite-vo-svetot-02.jpg

Необична форма на мебелот

Овие уникатни парчиња ги комбинираат совршено.

На пример, во некој агол ставаат украсна масичка покрај фотелја со необични линии и овој дел од просторот го претвораат во омилено катче за уживање.

Но, важно е да знаете дека не е целиот мебел во нивните домови со необична форма - само некои парчиња кои ги комбинираат едно со друго.

11-karakteristiki-po-koi-domovite-na-italijancite-se-razlikuvaat-od-ostanatite-vo-svetot-09.jpg

Керамички плочки во собите

Во најголемиот број станови во светот, керамичките плочки се ставаат во тоалетот или во еден дел од кујната.

Но кај Италијанците нив ќе ги видите буквално во секоја просторија.

11-karakteristiki-po-koi-domovite-na-italijancite-se-razlikuvaat-od-ostanatite-vo-svetot-12.jpg

Уште 6 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ја уредите спалната соба за да се чувствувате покомотно и порелаксирано? Дрвениот под е елегантен и модерен, но ако сакате дополнителна удобност, ставете...
Грешки во уредувањето поради кои домот ви делува „евтино“ и хаотично Многу мала комода за телевизор, како и мешање на неколку различни стилови се дел...
Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...
Низ илустрации: Како да го наредите мебелот во мала дневна соба, за да не изгледа „натрупано“? Ако има еден голем елемент, како тросед, ставете го спротивно од точката на фоку...
16 работи кои се нормални во нашите домови, а се чудни за странците Речиси во секој дом има кристален сет чаши кои никој не ги користи, немаме утили...
Трикови за уредување со кои домот ќе ви изгледа луксузно (без да потрошите многу пари) Закачете ги завесите високо и купете бели крпи и постелнини бидејќи нема да избл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg