11 карактеристики по кои домовите на Италијанците се разликуваат од останатите домови во светот
Принтови од познатите модни куќи
Познати како љубители на модата, Италијанците имаат обичај да купуваат облека или аксесоари со впечатливи логоа од омилените дизајнери.
Но, тие одат и чекор понатаму, па купуваат и завеси, постелнина, дури и килими со принтови од познатите модни куќи.
Римски ролетни
Римските ролетни се изработени од трајни, дебели платна.
Тие првпат биле користени пред многу векови во италијанскиот главен град, за да ги заштитат домовите и од светлина и од прашините од улиците.
Потоа лесно се распространиле низ целата земја, а и денес може да се најдат во модерните италијански апартмани, особено во спалните соби или во помалите дневни соби, каде што даваат софистицираност на просторот.
Биде во тоалетот
Во многу италијански домови, покрај тоалетната школка, во бањата има и биде, кое се користи за зголемување на степенот на хигиена.
Керамички садови на ѕидовите
Садовите кои се пренесуваат од генерација на генерација, честопати се изложени на ѕидовите во многу италијански домови.
Тие се и украси, но и гордост за Италијанците, бидејќи зборуваат за нивното минато, предците, семејната историја.
За разлика од повеќето луѓе во светот кои во плакари ги кријат чиниите, Италијанците ги покажуваат и се гордеат со нив.
Осветлување на неколку нивоа
Италијанците сакаат да нагласат одредени делови од просторот, па идеалното решение за тоа е осветлување на неколку нивоа - на пример спуштени лустери над масата во центарот на собата, во комбинација со свеќи покрај ѕидовите и ѕидни ламби во нивна близина.
Трпезаријата е свето место
Трпезариската маса е место на кое семејството се собира кога јаде, а Италијанците се познати како големи гурмани, па затоа им е важно да имаат убава трпезарија.
Преферираат комфорна маса, чисти чаршави, убави чинии и прибор за јадење, дури и кристални, а не обични стаклени чаши.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





