Пластични канчиња како саксии и уште 5 работи кои ги има во турските домови (а и кај нас)
Милјеа на секоја рамна површина, дополнителни мали масички во некој ќош кои се повлекуваат до кауч за гости, а пластичните канчиња не се фрлаат - секогаш им се наоѓа друга намена. Признајте дека ова сте го виделе и во многу македонски домови.

Мора да признаеме дека освен турски зборови, многу турски навики се останати да тлеат и кај нас.
Па така, уредувањето во традиционалните турски домови, иако за западниот свет може да е чудно, кај нас дури може и некој ќе се пронајде.
Сепак, интересно е кога гледаме како изгледаат домовите на различни култури и нации.
Во продолжение неколку интересни работи кои може да се најдат во турските домови (па дел од нив дури и кај нас):
Неколку каучи и повеќе парчиња мебел за секогаш да има место за гости

Старинските милјеа може да се видат насекаде – од маса до телевизор

Гостите се пречекуваат со колонска вода најчесто со арома на лимон

Секогаш има дополнителни мали масички во некој ќош од собата, за да се донесат покрај кауч за гости

Секое пластично канче (пудинг, кисело млеко) може да си најде своја намена и не се фрла (пр. саксии)

Во тоалетите имаат хигиенски туш, а честопати и тоалетните школки имаат вграден дел за измивање

M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
10 детали во ентериерот кои го уништуваат скапиот изглед на домот
Кабли и штекери насекаде, застарени завеси, празни ѕидови и прозорци – кои работ...
Идеи за украсување на божиќната трпеза со најголемиот тренд – бордо панделки (фото)
Дали и вие насекаде гледате чаши, свеќи и чинии украсени со кадифени бордо панде...
Фото-докази од уредување на дом на коj под итно му треба реновирање
Непотребен празен простор помеѓу фрижидерот и елементите, различна боја и насока...
10 работи кои ги имате во кујната, а не одговараат на стилски и удобен дом
Намирници складирани во ќеси и видливи кутии, детергенти за садови во оригинални...
5 работи во уредувањето на домот кои изгледаат одлично на фотки, а не се практични во реалноста
Мебелот со долги, елегантни ногарки изгледа одлично, но негативната страна е што...
Луѓе покажуваат како домовите од „шупа“ ги претвориле во луксузна палата само со реновирање (фото)
Ако сте скептик за преселба во стар стан или зграда, овие фото-докази ќе ви пока...