Парчиња мебел и предмети за кои луѓето најчесто зажалуваат, според дизајнер на ентериер
Немојте да купувате неквалитетна гарнитура само затоа што ви изгледа убаво бидејќи за две-три години ќе треба да ја заменувате со нова.

Воопшто не е евтино да го уредите домот, но со паметно планирање, ќе си заштедите дополнителни трошоци во иднина.
За повеќето парчиња не е важен само изгледот, туку важно е да бидат и квалитетни, но и практични и да ви служат со години.
За Real Simple, дизајнер на ентериер споделува за кои парчиња мебел луѓето најчесто зажалуваат:
Неквалитетна гарнитура
Гарнитурата е едно од најкористените парчиња мебел во домот и затоа е важно да биде квалитетна.
Немојте да ја избирате најевтината опција или да купите неквалитетна гарнитура само затоа што ви изгледа убаво.
Во спротивно, долгорочно ќе потрошите повеќе пари бидејќи ќе треба да ја замените гарнитурата по само две-три години.

Неудобни трпезариски столчиња
Ако се водите само според изгледот на столчињата, постои голема веројатност да купите неудобни.
Но, кога седењето во трпезаријата нема да ви биде удобно, залудно имате стилски столчиња кои одлично се вклопуваат во ентериерот.
Препорачливо е столчињата да бидат поголеми, но и меки, како и да нудат добра потпора на грбот.
Подобро е да имаат некој минималистички дезен и да ви бидат удобни, отколку да се впечатливи, а да не сакате ни да ги употребите.

Црни мат чешми
Црните мат чешми можеби изгледаат убаво, особено на фотки, но не се најпрактични.
Не заборавајте дека бараат повеќе внимание за одржување и ќе треба да ги чистите постојано за да изгледаат убаво.
