5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно
Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место за поминување.

Со постојаното зголемување на цените на становите, сè повеќе луѓе купуваат помали домови.
Но, може да биде предизвик да се уреди мал стан без да изгледа хаотично, а просторот да делува задушено.
Кои грешки треба да ги имате предвид ако уредувате мал стан:
Збиен мебел
Ако во мала соба ставите маса, шкаф и голем кауч, ќе ја претворите во лавиринт во кој нема простор ни за движење.
Нормално е да сакате да ставите повеќе работи во собата, без разлика дали спална, дневна или кујна, но ако немате место да се движите, повеќе ќе ве иритира, отколку што ќе се чувствувате удобно.
Важно е паметно да го испланирате просторот и пред да купите мебел, внимателно да го измерите. Препорачливо е да имате 60-тина сантиметри простор меѓу елементите за да можете да поминувате.
Исто така, поголемите парчиња поставувајте ги залепени до ѕидот, не во централниот дел на просторијата.
Мебел со погрешна големина
Ако во малата дневна соба ставите шкаф што го зафаќа целиот ѕид, собата ќе изгледа уште помала.
Кога уредувате мал простор, давајте му предност на мебелот со ногарки бидејќи нема да ја задуши собата.
Избегнувајте масивни парчиња мебел и пробајте да го искористите просторот вертикално.
Нефункционален мебел
Во мали станови важно е да купите функционален мебел.
На пример, во трпезаријата ставете мала маса, но купете модел што се отвора за кога ќе ви дојдат гости.
Или, во дневната ставете масичка со простор за складирање.
Мебел со темни бои
Темните бои го затвораат просторот и иако изгледаат добро, не се идеално решение за мала соба.
Во ред е да акцентирате едно парче мебел со потемна боја, но најдобро е да доминираат светли нијанси.
Многу декорации детали на мебелот
Во мала просторија, подобро ќе изгледаат елементи кои немаат многу детали, како гломазни рачки за отворање на шкафчињата или премногу бои и дезени.
Колку помалку детали има, толку пошироко ќе изгледа просторот.
Спирова С. | Црнобело
