Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби)
Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Наместо тоа, има мали пукнатини на керамичките вазни, гребнатини на мебелот, нерамномерен малтер на ѕидовите. Како да го уредите домнот во овој стил?

Јапонската филозофија ваби-саби ги учи луѓето да се фокусираат на благословот на секојдневниот живот и славењето на нештата такви какви што се, а не така како што сакаме да бидат.
„Ваби“ значи „едноставност и елеганција“ и во фокус е филозофијата „помалку е повеќе“, додека „саби“ значи „наоѓање задоволство во несовршеностите“.
Овој концептот лесно може да се применува во секојдневните ситуации, во работата, во врските.

Но, во последно време станува сè попопуларен и при уредувањето на домот, зашто се води од тоа дека работите не мора секогаш да се совршени и да имаат некаков ред, туку дека топлината е во несовршеностите и ситниците.
Истовремено, овој стил е минималистички, фокусиран на кафеавата, сивата, маслинестата, теракота и беж бојата.
Прифатливи се уште неколку светли бои, но само природни нијанси, како што се портокалова боја на тиква или темно сина.

Кај материјалите доминираат предмети од дрво, лен, памук, керамика и камен.
И кога сето ова ќе се спои, тогаш се добива удобен и пријатен простор, во кој ќе уживаат не само домаќините, туку и нивните гости.

Како да го постигнете ова во својот дом, според советите на експертите за ентериери?
Најпрво, треба да се отфрли гламурот, а фокусот да се на погруби текстури, природни материјали - необработено дрво со јазли, рачно изработена керамика, ленени ткаенини, пригушени нијанси.
Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Наместо тоа, има мали пукнатини на керамичките вазни, гребнатини на мебелот, нерамномерен малтер на ѕидовите.
Важен елемент на овој стил е врската со природата, па се препорачуваат растенијата во глинени саксии, вазни ставени на под, дури и украсни композициите од сушено цвеќе, кои додаваат живот во ентериерот.
Кај мебелот во фокусот се винтиџ предмети, грубо исечени предмети од цврсто дрво или модерен мебел во еко стил. Најважно е да се избегнуваат модерни парчиња.
Стилот ваби-саби не толерира преоптоварување - неколку керамички чинии, плетена корпа, слика со апстрактен пејзаж - тоа е доволно.

